Бисеро, моме, Бисеро
- Став на Виолета Аврамовска, член на Советот во Општина Охрид при политичката партија Левица
Простете ми Бисеро што не можам да ве наречам почитувана министерке. Прво, не сакам да лажам, бидејќи не ве почитувам. Второ, не сте министерка, бидејќи владата на Таче не е легитимна, па оттука Таче не е премиер, бидејќи не е избран од народот, туку е назначен од вашите стратешки партнери, американската амбасада, а тоа претставува грубо кршење на суверенитетот на мојата татковина Република Македонија.
Бисеро, моме, Бисеро, во Битола сигурно ве викаат Бисера скафандеро. Дали вие Бисеро некогаш сте твореле? Дали вие знаете како творат уметниците? Творбите на уметниците доаѓаат со инспирацијата. Уметникот не може да планира што е она што ќе го напише за да не ве искара вас со вашите возљубени соседи, Бугарите.
Инспирацијата, Бисеро е порив, порив кој доаѓа од душата, длабоко од душата и не можеш да го запреш. Тој порив копа, рие, се’ додека не земеш пенкало в раце и не го запишеш, не земеш четка в раце и не го насликаш. Тоа е инспирација Бисеро моме.
И не можеш да избегаш од тој порив душевен, те буди во ноќите, те прогонува во мислите, не, не се бега од тој порив.
Како еден уметник да престане да твори повикан од својата инспирација? Да ја згасне љубовта кон татковината, која се наркува патриотизам? Љубов е тоа Бисеро, не згаснува, никогаш не умира. Љубов е тоа кон Македонија, кон земјата натопена со крв, која врие во нашите вени. Тоа е ДОЛГ Бисеро, ДОЛГ кон нашите претци, кои животот го дадоа на одарот на слободата.
Како еден уметник да престане да твори за Гоце, за Даме, за Карев , за Питу? Како еден уметник да престане да го чита Рацин, Неделковски, Конески, Петре. М. Андреевски, Горан Стефаноски. Како, кога во нивните стихови е исткаена сета болка, сето страдање на Македонецот, плачот, лелекот, солзите непресушени за една МАЈКА страдалничка, која вие Бисеро, вашата ненародна и одродена влада пак и’ ја кинете утробата, за атер на соседите, кои го повампириле фашизмот, поддржани од меѓународната заедница.
Како Бисеро, вие, која се нарекувате министер за култура и вашиот Таче, кој се нарекува премиер, планирате да ни го откорнете минатото и историјата од нашата меморија? Како планирате да ни ги стивнете мислите? Со заплашување, со притисоци, со судски процеси за говор на омраза?
Па вие сте тие кои со години не сте ја нарекле својата татковина Македонија, туку само нашата земја. Вие сте тие кои брусевте шахти, кои ја бришете историјата, го укинувате фондот на часовите по нашиот мајчин македонски јазик во училиштата. Вие сте тие кои насилнички настојувате да ни го ресетирате мозокот, кои насилнички го туркате планот на Европа и Америка за бугаризација на Македонија. Вие сте тие кои го рехабилитиравте и глорифициравте фашизмот, нарекувајќи не’ нас фашисти, нас кои се бориме да го одбраниме од неофашистите сопствениот идентитет.
Бисеро, моме, Бисеро. Можете да се нарекувате министер за култура, но ниту имате право, ниту можете да ја контролирате инспирацијата на уметниците. Уметниците не творат за да го расположат народот, уметниците во своите дела даваат дел од душата, своите чувства, своите воздишки, своите солзи.
Народот Бисеро, можевте да го направите среќен вие, вашата т.н влада, сите вие кои три децении ревносно се посветивте на остварување на сопствените лични интереси, сите досегашни влади кои можеа со чесно работење и посветеност да работат на развој на економијата, да донесат пристоен живот за сите кои живеат во Македонија, а не смислено и плански да делуваат на разнебитување на државата.
Затоа Бисеро замолчете ! Замолчете и немојте да им наредувате на уметниците да ги стивнат емоциите во душата, немојте да им наредувате да замолчат, да ја стивнат мислата, да ја убијат инспирацијата.
ТАТКОВИНАТА НЕ’ ПОВИКУВА Бисеро.
А, ние, МАКЕДОНЦИТЕ ќе се бориме за неа, кој како можеме, дури и со напишани стихови и дела.
Единствените кои треба да замолчат сте вие, одродените, предавниците, врховистите, кои не’ продадовте на Европа, блудницата вавилонска за грст златници.