АктуелноЛокалноСтав

Крмов: УЧК легално нè разоружува

Пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов на својот фејсбук профил реагираше за подарените „сухои” на Украина од страна на македонската влада. Тој напиша дека на овој начин, АРМ е сведена на платенички одред на НАТО.

УЧК легално не разоружува, а несреќите од СДС слепо извршуваат.

Ако за нешто вредеа тенковите и сукхоите, тоа е за ситуација слична на 2001, која и ден денес останува главна опасност за републиката. Вака, АРМ е сведена на обични платенички одреди на НАТО и тоа иронично, каде не ни плаќаат, туку ние плаќаме околу 300 милиони евра годишно.

Одбрана нема.