АктуелноБиблиотекаЛокално

Манифест од првото заседание на АСНОМ

Македонски народе,

Во дните на најголемите световни сатресенија, во времето на најкрвавата борба на македонскиот народ, твоето прво Народно Собрание, израснато от крвта и животите на најарните свои синови, во твое име излегува пред лицето на цел свет да каже на пријатели и душмани, на сојузници и окупатори, на блиски и далечни, оти македонскиот народ е решен да заживее слободен живот и оти никаква сила на светот не може да му застане на неговиот пат кон полна национална слобода.

Во моментот кога картечниот оган на нашите бригади го уништава крвавиот окупатор од Куманово и Струмица до Тиквеш и Дебар, кога нашата борба оди кон својата највисока точка и кога нејзинит успешен крај стана јасен за секого, првото македонско Народно Собрание излегува со прокламација за полна национална слобода на нашиот народ.

Македонски народе,

Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.Овија исторически печалби кои ти ги оповестува твоето прво Народно Собрание не се ни случајни ни аризани. Тиа се плод од реки пролеана крв и од купишта коски посејани од едниот до другиот крај на Македонија. Во петвековното ропство разни поробувачи е грабеа твојата земја и го поробуваја твојот народ. Единото средство које не можеше да ти биде ограбено, беше борбата. Таја остана најсилното оражие во твоите раце и ти помогна да не бидеш збрисан како народ.

Во следните денови на Илинденското востание и Крушевската република, ти разбра колкава е силината на това оражие. Илинденското востание откри пред цел свет колку е тврда твојата решеност да не бидиш роб на никого, ами да заживееш како слободен народ. Илинденската епопеја ти покажа и тебе колку е силна твојата тупаница кога се подигна за извојуване на слободата. И токмо така сила ги заплаши твојте скриени и отворени душмани – империјалистите од комшиските балкански држави.

Уплашени од таја борбена сплотеност тие се опитаја со својата отровна пропаганда да те разединат за полесно да те поробат. И, благодарение на предатели и изменици во твоите редови, ти ја дочека решителната 1912 год(ина) разеднен, закрвавен, неорганизиран и твојата земја бидува разделена меѓу империјалистичките грабители. Во 1919 год(ина) се повторува срамната делба на Македонија, и ти не куртули од јаремот на ропството.

Македонски народе,

Впрегнат во невидено економско ропство, одречен како народ, обезправен политички, заостанал просветно, ти беше през 23 годишниотживот под великосрбското ропство доведен во положение на колонијален народ. Србизирањето стана националното гесло на белградските реакционери, занданите – нимното единствено умиротворително средство, економскиот грабеж – нимниот стопански принцип. Това што те одржа за тие тешки години, това беше твојата борба против великобукарските грабачи и нивните македонски измеќари. Во таја борба ти прогледа и узреа политички, во неа ти си ги најде својте, најдобри сојузници. Това беа другите поробени народи на Југославија. Това беше и братскиот српски народ зад чие име се криеја поробувачите од белградската чаршија. Во борбата против великосрбските повелачи, ти го искова своето братство со другите народи на Југославија. Това братство, покрај твојата борба, стана уште една гаранција, за спечалване на слободата.

Македонски народе,

Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера. Со подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 год(ина) Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера. Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ. Грабежот зема невидени до тогај размери, македонското селско стопанство бива исцело ставено во услуга на Хитлерова Германија. “Дирижираниот стопански“ грабеж ги рашири своите крила над Македонија. Не остана произведение од селското стопанство, које можеше да куртули од реквизиционата експлоатација. Селаните беа бутнати во понорот на бедата. Со ним заедно тонеа во мизерија сите други сасловија. Целото македонско стопанство беше подложиво на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во најверни кучина на Хитлера. Спекулата стана неписан закон. Македонија беше стопански изцрпена. Македонскиот народ потона во дотогај невидена беда.

Македонски партизани во Тетово, 1944

Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, на друга страна се полнеа занданите со чесните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизаторски методи се мачеа народните борци. Војно-полевите судови работеја усилено, интернациите обухватаја цели села и околији, на бесилките увиснаја најдобрите синови на Македонија. Крвожедниот фашиски окупатор тргна кон физичко истребување на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили.

Македонски народе,

Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу савеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ.През долгите години на ропството, тешката стварност те научи оти ти против подлите поробувачи имаш само едно сигурно оражие: борбата. И ти машки го стегна това оражие. Во позивот на КП на Југославија за борба, ти ја чу савеста на најдобрите твои синови. Во нејзиниот револуционерен дух ти ја осети бунтовната силина на еден поробен народ. Во нејзината организациона стегнатост ти го виде твојот водач и умен организатор. Во нејзината доследност ти виде гаранција оти борбата ќе биде изведена до победоносен крај – и ти не се поколеба да тргнеш со смелиот водач и организатор. Револуционерните традиции на Илинден пак оживеа. Настануваат најславните години во твојата историја, настанува епопејата на светата народна ослободителна борба, во која ти се препороди како народ и се осети оспособен да си ја земиш садбата во сопствените раце. Во неравната борба, во која ти влезе смело, израсна од малите партизански одреди – првата во твојата историја Народнослободителна војска, која го прослави македонското име по цел свет и стана страх и трепет за фашискиот окупатор.Сјајните победи при Кичево, Дебар, Тушин, Ристовац, Злетово, Кратово и Струмица се славна историја на твојата војска. Ослободуването на Македонија е нејзиниот свештен завет. Надахната со лјубовта за својот народ, запоена со духот на Делчев, одушевена со борческиот елан на Тито, твојата војска ќе го исполни тој свештен завет и нема да го испушти оражието од раците дури последниот окупаторски војник не биде избркан од нашата татковина, дури последниот воен преставник и предател не добие заслужено наказание и дури слободата не биде исцело извојувана и осигурена.

Македонски народе,

Изненаден от твојата сплотеност, исплашен од смелите удари на твојата војска, поганиот фашистички окупатор разбира оти сам нема да може да се додржи во Македонија. По стариот обичај на сите пробувачи, тој побара и најде гнасни изроди, готови за фрлената коска да го продадат собствениот народ. Чкатровци и Ѓузеловци, Китинчевци и Ципушевци се натпреваруваат кој посрамно да те продаде. Од шпионското служение на фашистичкиот окупатор, овие одвратни јуди стигнаја до организиране на банди, саставени од најкриминални албански и домашни елементи, за борба против нашата Народно-ослободителна војска, за крволочно избиване на мирното македонско население и за паленје на македонските села.

Уплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во невината крв на толку македонски синове, пак се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионалните убијци од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра од коцкари и пијаници да ја отежнат праведната борба на македонскиот народ за слобода.

Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федеративна Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотерат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките злочинци.Во борбеното единство на македонскиот народ со другите народи на Југославија, овие погани изроди ја гледаат најголемата опасност за своите противнародни планови. – Ударајќи бесно против српскиот народ, тие сакаат да удрат против единството на братските народи во Југославија, да го одделат македонскиот народ од нив, да го осамат во борбата и, изолиран од неговите сојузници, полесно да го уништат. Со својата бесна компанија против Маршал Тито, тие се опитаха да го отделат македонскиот народ од гениалниот водач на Народно-ослободителната борба и да ја закопат за вечни времина слободата на македонскиот народ. Фрлајќи лаги и одвратни клевети против нова, демократска и федеративна Југославија, тие сакаат да го турнат македонскиот народ во поразениот лагер на фашистите и да го дотерат утре на оптуженичка клупа заедно со фашистичките злочинци.

Партизанска болница во Кавадарци, 1944

Велико-српските хегемонисти на Дража Михајловиќ и Милан Недиќ, демаскирани како слуги на окупаторот и отфрлени од српскиот народ, презрени од демократската светска јавност, разбијени исцело во Македонија, притаени во разни германски претпријатија, дебнат момент да се фрлат на македонскиот народ и пак да го прегнат во јаремот на белградските шовинисти.

Во Западна Македонија уште живеат албанските фашисти околу криминалците Джемо и Мефаил. Потпомогнати од Чкатровци и Коцаревци палат тие македонски села и крволочно го избиваат македонското население.

Никаква сила нема да ја намали твојата величанствена борба за слобода. Борбата за твојот праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.Сите овие браќа во криминалот и душмани на македонскиот народ се верни слуги на истиот господар – крволочниот Хитлер. Но ти брзо ги откри пеколските планови на овие злочинци и им даде достоен одговор. Немилосрдната борба против фашизмот и крвавиот великобугарски окупатор, то беше твојот одговор на нивните опити да те впрегнат во јаремот на фашиското ропство. – Разбиването на контрашките банди уште во нивниот зародиш, то беше твојот одговор на нивниот опит да го разделат македонскиот народ и да е удушат неговата борба. – Нераздружимото братство и единство со другите народи во Југославија, то беше твојот одговор на нивните опити да те осамотат во борбата. – Изградувајнето на нова, демократска и федеративна Југославија на чело со маршал Тито и твојата сплотеност во редовите на Народно ослободителниот фронт на Македонија, то е твојот одговор на сите планови на великосрпските хегемонисти и на разбојнички прохтеви на големоалбанските фашисти. То е денес твојот одговор на сите овие душмани – твојата праведна борба за слобода. Утре никаква сила нема да ги спаси овие продадени души од немилосрдниот народен суд. Никаква сила нема да ја запре твојата осветничка тупаница да ги разбие главните на овие гнасни изроди и подли поробувачи. Никаква сила нема да ја намали твојата величанствена борба за слобода. Борбата за твојот праведни идеали се најдува пред победоносен крај, пред полна национална слобода.

Македонски народе,

Од тешките борби и пролевената крв на најдобрите македонски синови излегува денес првото Народно Собрание, тој симбол на твојата слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел слобода и изразител на твојот суверенитет, и ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во ПРВАТА СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Вековниот идеал на македонскиот народ се постигнува. За прв пат после Самоила македонскиот народ створи своја собствена држава; за прв пат македонскиот народ ќе се осети во Македонија како во своја кукја; за прв пат тој стана не дребна пара во сметките на грабежливите сили, ами слободен народ во слободна држава. Това е најголемата придобивка во историјата на нашиот народ, спечалена во гигантскиот антифашистички фронт со крвта на најдобрите синови на Македонија и со помошта на другите народи на Југославија, осигурена во нова, федеративна заедница на народите на Југославија.

Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки.Тргајќи од животните интереси на македонскиот народ, од неговите заеднички борби со другите народи во Југославија против големо-српската хегемонија и од скапите жертви дадени против заедничкиот фашиски окупатор, првото македонско Народно собрание изјавува во твое име оди МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЛЕГУВА КАКО НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДЕН И РАВНОПРАВЕН ЧЛЕН ВО НОВА, ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА, на принципите установени на ИИ заседание на Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија (АВНОЈ), на кое му се признаја правата на национална слобода. Со това, македонскиот народ станува градител на нова Југославија, која е дело и израз на нераздруживото единство и братство на сите нејзини народи, и најголемата гаранција како за слободата на секој отделен народ, така и за слободата на сите народи во Југославија заједно. Како дел на нова, демократска и федеративна Југославија, македонскиот народ станува сојузник на големите сили победителки.

Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање ЗА ОБЕДИНЕНИЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД на принципите на правото за самоопределуване. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи.

Бидејќи свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржествено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оражието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен.

Македонски партизани на Козјак; меѓу нив: Христијан Тодоровски Карпош, Методија Андонов Ченто и Вера Јоциќ, 1943

Борејќи се за слободата на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание ги ПРОКЛАМИРА ПРАВАТА НА ПОЛНА СЛОБОДА И РАВНОПРАВНОСТ НА СИТЕ НАРОДНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА.

Македонци и Македонки, браќа и сестри!

Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овија свети принципи во момент кога братската победоносна Црвена армија, стапува на германска земја и незадрживо оди кон Берлин, кога нашите англо-американски сојузници на запад го пробија атланскиот зид на Хитлеровата европејска зандана, кога сојузничките армиии од југ настапуваа кон Алпите, кога приказаната со смелост Титова армија се готви да тргне на Белград, Загреб, Љубљана, Сарајево и Скопје.

Првото македонско Народно Собрание ги прокламира овие големи принципи во согласие со основните решениа на Московската и Техеранската конференција, кои ги гарантираат правата на слободен живот на секој народ, ангажиран во борбата против фашискиот окупатор.

Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни синови на еден јуначки народ. Дигнете се сите против крвавиот окупатор и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнината.Во овија дни се решава садбата на нашиот народ за векови. Историјата ве поставила пред судбоносна проба. Од вас зависи дали Македонија ќе биде зандана за робови или слободна татковина на слободни луѓе. Жертвите на вашие браќа и правоборци ве викаат на последен јуриш. Сетнината ваша и сетнината на нашата родина ве викаат на последен, одлучен бој. Наредете се сите во народно-ослободителниот фронт и докажете оти сте достојни синови на еден јуначки народ. Дигнете се сите против крвавиот окупатор и докажете оти сте способни да си ја спечалите слободата и изградите сами сетнината.

Македонци под Бугарија и Грција,

Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.

Браќа Арнаути, Турци и Власи,

Поробувачите на Македонија од везден сакале да не разделат и скарат за полесно да ја владат нашата татковина и да ги грабат нашите народи. Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната садба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние изградуваме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.

Учествувајте равноправно во борбата против окупаторот за да можете равноправно да учествувате во изградувајнето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности.Вашите синови учествуват во македонската војска и земат веќе командни места. Вашите првоборци учествуват како пратеници – народни претставители во Народното Собрание. Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија. Мобилизирајте ги сите сили поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во борбата против окупаторот за да можете равноправно да учествувате во изградувајнето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности.

Илинденци,

Крвавиот фашиски окупатор спекулира со вашите жертви и со вашата крв. Тој срамно ги изопачува целите на вашата несебична борба во миналото. Тој се опирва да го сроза вашиот авторитет, употребувајќи ве како перде за страшниот грабеж и терор спроведуван над вашата земја. Тој подмолно се опитва во најрешителните моменти да го раздели вашиот народ на стари и млади.

Се исполнуват целите за кои вие сте се бориле. Македонија врви кон својата слобода, кон непостигнатиот идеал за кој хиладници ваши другари ги дадоа својте животи во Илинденската епопеа. Вашиот првоборец и другар Димитар Влахов е еден од нашите водачи. Вашето место е покрај вашите синови и внуци. Напред во борбата за идеалите за кои вашата генерација се бореше, а нашата ги исполнува! Напред стари и млади за изградуване на слободна Македонија.

Диверзантска акција на Железничката станица во Скопје, 1941

Македонска емиграцијо во Бугарија,

Ропството на нашата македонска родина ве отдели од вашите куќи, од вашите блиски, од вашите села и градови. Тешката садба на вашата поробена татковина ве фрли во лапите на подлиот корбурговски диктатор. Во мрачните завоевателни планови на крвавиот кобурговски дворец, на вас ви беше предопределена ролјата на воени провокатори на Балканот и на камшик во рацете на тираните против слободољубивиот бугарски народ.

Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра сетнина на нашата татковина!Ние синовите на боречка Македонија везден сме правеле разлики между убијците од бандата на Иван Михајлов и чесната македонска емиграција. Ние од везден сме знаеле оти во вашите гради никогаш не престанало да бие едно чесно срце на нашата обшта родина, оти нашите идеали са и ваши идеали и оти во вас никога не угаснало желеанието да се најдете пак во вашата слободна и незастранена македонска татковина. Првото македонско Народно Собрание ви испраќа пламени братски поздрави и ве кани во дружна борба за ослободувајне на Македонија и изградувајне на слободна Македонска држава. Отврлете ги самоназначените водачи околу крволокот Иван Михајлов! Присаединете се кон нашиот Народно-ослободителен фронт за избркуване на фашиските поробители! Земете участие во ослободувајнето на обштата македонска татковина! Дајте го својот дел во нејзиното изградувајне! Нека нашата сплотеност стане остар одговор на сите поробувачки планови! Нека нашето единство стане страх и трепет за враговите на Македонија! Нека нашиот боречки патриотизам стане гаранција за подобра сетнина на нашата татковина!

Македонски работници!

Вие први разбравте оти фашизмот е ваш најголем душман, најсвирепиот поробител на вашиот народ, и вие први влеговте во светата борба против него. Зад секоја победа во оваја трогодишна борба се крие пожртвованоста на вашите првоборци. Секој успех против крвавиот фашиски окупатор е израснал од крвта на вашите другари.

Во слободна Македонија, во нова Југославија, вие ќе започнете еден посреќен и подостоен за вас живот.

Во предвечерието на слободата ни еден ваш другар не смее да остане на страна од борбата. Напуштајте ги фашиските работилници, фабрики и рудници! Напуштајте ги фабриките во фашиска Германија! Влегувајте во вашата народно-ослободителна војска и станете нејзин грбнак! Со своето масовно участие станете првоборци на Народно ослободителната борба! Со својата храброст станете гордост на нашиот народ! Со својата прикажана упорност изградувајте ја слободна Македонија и станете нејзини најпредани творители! Направете од новата македонска држава вистинска, слободна, и праведна татковина на целиот работен народ.

Македонски селани,

Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната војна машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо.Вие најдобро осетивте на сопствената кожа што значи фашиско ропство. Во овија три години плодовите на вашиот труд се грабеа и се грабат по најбесрамен начин, а на вас ви остава само ропска работа, беда и безправие. Фашиските повелачи ве оставија да живите само за тоа, да можете да работите на нивната војна машина. Од вашиот труд се гојат окупаторските грабачи, а вие остануете гладни, голи и боси. Фашизмот ви зеде се, а не ви даде ништо.

Во овије неколко месеци се решава садбата на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонскиот народ. Садбата на Македонија е садба на македонските селани, дека вие сте најголемиот негов дел. Не давајте ги својте произведенија на фашиските изеденици! Кријте го житото! Избивајте ги реквизионите комисии! Палете ги фашиските општини. Не плаќајте данаци на вашите поробители! Влегувајте смело во редовите на нашата војска! Станете сите како еден да ја извојуваме слободата и да ја изградиме слободна Македонија.

Македонски младинци и младинки,

Вие бевте првата жертва на фашиските окупатори и вие кренавте први во борба против нив. Со својата прикажана храброст вие дадовте пример како се служи на народните идеали. Вие денес го чините најборбеното јадро на нашата војска.

Во борбата што се води денес се изградува поарна младинска сетнина. Слободна Македонија вие треба да (ја) изградите. Со сите сили помогнете за спроведуеното на решениата на АСНОМ и (за) изградуенето на новата народна демократична власт во Македонија и (на) нашата Македонска држава.

Борци од Народно-ослободителната војска на Македонија, партизани, војници, офицери, подофицери и политички работници,

Борци на Третата македонска народноослободителна ударна бригада, 1944

Со вашата прикажана смелост вие го разнесовте македонското име по цел свет. Со својата безпримерна пожертвуваност вие му натеравте страв во коските на фашискиот окупатор. Со крвта на најдобрите свои другари вие е исписавте славната историја на македонскиот народ. Победата е близу, но требат уште напори да се извојува слободата на македонскиот народ. Во гигантската борба што се води денес, вие не сте сами. Вие сте дел на славната Народно-ослободителна војска на Југославија и како такви – сојузници на победоносната Црвена армија и на англоамериканските војски, кои ги задават последните удари на фашискиот окупатор.

Запалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Запалените села по цела Македонија ве канат на освета! Поробениот македонски народ чека од вас слобода! Држете го уште поцврсто оражието спечалено со крв, јакнете ја уште повеќе вашата дисциплина и воена вештина! Дигнете го уште повисоко знамето на Гоце Делчев! Гответе се за последните удари на фашискиот окупатор! Гответе се за слободуене на Македонија!

Македонски мајки, жени и сестри

Во оваја величанствена борба вие го дадовте својот крвав дел. Во слободата на македонскиот народ вие ќе си ја спечалите и собствената слобода. Во утрешна слободна Македонија, Вие ќе бидете нејзини слободни и равноправни строители.

Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителна борба! Мобилизирајте ги сите свои другарки за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имаат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имаат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно участие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите првозгласени од првото македонско Народно Собрание.

Македонски народе, браќа и сестри!

Зората на слободата изгрева! Од крвавата борба израсна веќе слободна Македонска држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Зората на слободата изгрева! Од крвавата борба израсна веќе слободна Македонска држава, во нова, демократска и федеративна Југославија. Но борбата уште не е завршена. Прегнете ги сите сили да се истргне слободата што поскоро, да се сачуваат печалбите на сегашната борба, мобилизирајте ги сите снаги за изградувајнето на нашата држава и направете од неа сретна татковина на среќен народ.

Сѐ за фронт – сѐ за победа!

Да живее првата Македонска Држава во нова, демократска федеративна Југославија!

Да живее првото Антифашистко собрание за народно ослободуване на Македонија!

Да живее Антифашиското веќе на народното ослободуване на Југославија!

Да живее националниот комитет, на чело со лубимниот водач на Југославија Маршал Тито!

Да живее нераздруживото братство и единство на народите на Југославија!

Да живее Народно-ослободителната војска на Југославија!

За Антифашиското собрание на народното ослободуване на Македонија:

Президиум:

Претседател: Методи Андонов – Ченто, трговец од Прилеп;

потпредседатели: Панко Брашнаров, учител од Велес и Емануил Чучков, директор на гимназија од Штип;

секретари: Лјубчо Арсов, банкарски чиновник од Штип и Др. Владимир Полежиновски, правник од Кичево;

членови: Венко Марковски, поет од Скопје, Цветко Узуновски, работник од Преспа, Богоје Фотев, землоделец од с. Бистрица – Битолско ген(ерал)-мајор Михаил Апостолски, командант на НОВ и ПОМ, од Штип, Страхил Гигов, н(ачалник) од персон(алниот) отдел на Гл(авниот) Штаб, Петре Пирузе, адвокат од Охрид, Кирил Петрушев, работник од Скопје, Јован Јоргов, свештеник од с. Дреново, Епаминонда Поп-Андонов проф(есор) од Струмица, Генадие Лешков, землод(елец) од с. Дреново, Бродско, Ќемал Аголи, студент од Дебар, Лазар Соколов економист од Куманово, Вера Ацева, домаќинка од Прилеп, Камбер Хасан, землед(елец) од с. Дисан, Ацо Петровски, кројач од Скопје, Младен Георгиев Челопечки, земл(оделец) од с. Челопек, Лилјана Чаловска, студентка од Битола.

Оригиналниот Манифест на АСНОМ