Aмериканското свиткување рака на балканските политичари
- Пишува д-р Ненад Живановски
Она што претставува главна туристичка атракција за најголемиот број градови во светот – а тоа е околниот рид од кој се пружа широк поглед на панорамата на градот, за главниот град на Македонија, Скопје, е место каде е извршен најгруб урбанистички брутализам. На најатрактивната градска локација е изградена амбасадата на Соединетите Американски Држави. И таа не се наоѓа таму – на највисоката точка на градот, како што се верува, само од безбедносни причини, туку има во тоа и симболичка порака за т.н. американска исклучителност и Пакс Американа – дека САД се светилникот на врвот од ридот, од каде се шират мир, слобода и демократија. Или, што е пореално, од каде се надгледува потчинетиот плебс.
Длабоко под американската амбасада, се наоѓаат зградата на Собранието на Македонија, Владата и министерствата, Кабинетот на претседателот на државата, судовите, медиумите, универзитетите. И обичниот човек, ако сака да фрли поглед кон амбасадата, мора да ја крене главата нагоре, исто како што верникот гледа во небото кога му се моли на Господ.
Јасно е дека со промовирањето на ваквата супериорност, се сака да се покаже дека американскиот исклучителност е директен наследник на античката демократија и митот за Светилникот на врвот од ридот, иако денешните Грци со закон ја заштитилетаа своја старогрчка исклучителност, така што во Атина не смее да се изгради ниедна зграда која ќе биде повисока од Партеонот на Акропол. Во Скопје, Американската амбасада е повисока од старата тврдина Кале, која се издига на друг рид над центарот на градот и која била изградена во византискиот период, уште во 6 век.
Ваквиот опис на градот на Вардар, симболично, но и буквално, доловува кој е газда во државата и кој управува со неа. Владите се формираат, избираат или менуваат на барање или иницијатива на Американската амбасада. И, ако некој од политичарите е непослушен, или се одметне од таа апсолутна американска контрола, веднаш ќе биде прогонен или исклучен од јавниот живот и испратени во острацизам, баш како што се правело во античко време. Ако, пак, заврши на американската листа на санкции – тогаш тој го „угасил“ за цел живот, бидејќи, практично, му се поништени сите општествени и човекови права во однос на западните земји.
Тоа е начинот на кој администрацијата во Вашингтон со децении ги дисциплинира непослушните десперадосине само во оваа држава туку и во целиот регион, но и превентивно ги предупредува латентните „мрчатори“ да не ни помислат случајно да почнат јавно да зборуваат и да го изразуваат своето незадоволство во однос на американската политика во нашиот регион и, генерално, за американскиот поглед за тоа како треба да изгледа светот.
Таквата листа за отстел, освен што е антидемократска, има уште една мана, а тоа е што списокот на неподобни политичари се составува или со задоцнување, или е недоследен во критериумите, или е селективен. Или, како е најчесто, сето тоа заедно.
Задоцнета црна листа за Македонија
На последната таква листа за санкции, од април годинава, се најдоа и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој е во егзил во Будимпешта и неговиот братучед Сашо Мијалков, кој е во затвор во Скопје, поради злоупотреба на положбата додека биле премиер и началник на безбедносната служба. Злоупотребата на власта и криминалот што го направило ова дуоод братучеди, во десетгодишното владеење, им било добро познато на сите западни фактори кои ја контролираат државата. И на тоа безброј пати им било посочено и од разни домашни и странски организации.
Во 2011.година,и самиот Стејт департмент во својот извештај оценил дека владата на чело со Никола Груевски ја суспендирала демократијата во земјата, а злоупотребата на моќта и корупцијата станале стил на владеење. Сепак, никој од администрацијата во Вашингтон тогаш не сметал дека треба да го стави на црна листа тандемот Груевски-Мијалков. Веројатно затоа што и самите им дале одврзани раце да бидат господари во нивното криминално владеење, а за возврат да ги исполнуваат наредбите што доаѓале од Вашингтон.
Сега, кога се потполно развластни, едниот во затвор, а другиот во бегство, тие доспеваат на црната листа на американското Министерство за финансии, чија главна мерка е да им се забрани влез во САД. Како затворениот Сашо Мијалков да има можност да отпатува од скопскиот затворот во САД, или Никола Груевски, по кого е распишана потерница од Интерпол, може да ја напушти Унгарија и да одлета во САД. Јасно е дека оваа листа на санкции е најобична фарса, која се однесува на истрошени и отфрлени американски политички марионети, дискредитирани во очите на македонските граѓани, на кои американската администрација перфидно го гради својот рејтинг дека се бори против корумпираните политичари кои се закана за стабилност и демократија во земјата.
И апсурдот да биде уште поголем, тоа не го направи републиканската администрација на Трамп, туку оваа демократска, која не беше гадливана злоупотребата на парите на македонските даночни обврзници, кои премиерот Никола Груевски им ги донираше во претседателската кампања во 2016. година, јавно застанувајќи на страната на Хилари Клинтон.
Меѓутоа, администрацијата на Бајден не само што го ставила на црна листа поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, таа испратила и директно предупредување до актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и веројатно идниот премиер на Македонија, Христијан Мицковски, доколку продолжи да го критикува Договорот од Преспа, со кој македонската влада се договорила со Грција да го смени името за да влезе во НАТО, дека лесно може и тој да се најде под закана од санкции. Забележливо е дека Мицковски, по жестоките критики за договорот од Преспа и најавата дека кога неговата партија ќе дојде на власт истиот ќе го ревидира, тој последнава година воопшто не зборува за договорот со Грците.
Ова води до заклучок дека американската амбасада во Скопје не само што составува кадровски листи и ја креира државната политика, туку одлучува и за темите за кои (не)смее јавно да се говори во политичкиот дискурс.
Недоследна црна листа за Босна
Примената на санкциите на американската влада во Босна и Херцеговина е сосема спротивна од македонскиот случај. За разлика од Македонија, во Босна не се санкционира оној што зборува против меѓународниот договор, туку оној што зборува афирмативно за него. Парадоксално, единствениот кој зборува во прилог на Дејтонскиот договор, Милорад Додик, е ставен на црната листа како некој што го загрозува мирот во земјата. На него му се зема за зло тоа што најавува можност за одржување референдум за независност на Република Српска, меѓутоа секогаш со објаснување дека тоа би се случило доколку се дерогира или целосно се укине Дејтонскиот договор. Значи, Додик е санкциониран за можна, хипотетичка ситуација каков што е референдумот, а се игнорира првиот дел од изјавата во која тој зборува афирмативно за Дејтон.
Сосема спротивно од претставниците на муслиманите, пред сè Бакир Изетбеговиќ и „хрватскиот“ Жељко Комшиќ, кои се залагаат за унитаризација на Босна, директно барајќи ревизија или укинување на Дејтонскиот договор, бидејќи, според нив, тоа бил договор за прекин на војната, а сега е потребен друг договор кој би го унапредилмирот во државата преку унитаризација. Ова го поздравуваат Американците и западните политичари, бидејќи водело кон граѓански концепт на државата.
Ако истиот наратив се проба јавно да се каже во Македонија, дека Охридскиот договор е договор за ставање крај на воениот конфликт со Албанците и дека по 21 година на земјата ѝ треба нов договор за развој во мирнодопски околности на граѓанска основа, Албанците веднаш би се заканиле со нова војна, а Американците би го ставиле на црната листа на санкции, не оној што го загрозува мирот со закана од војна, туку тој што ќе се дрзне да зборува дека договорот од Охрид треба да се смени бидејќи е надминат концепт.
Селективна црна листа за Црна Гора и Косово
Селективноста во креирањето на листата за санкции се гледа во примерите со Црна Гора и Косово. Последен кој од Црна Гора е ставен на американската листа е потполно заборавениот и неактивен политичар Светозар Маровиќ, кој живее во Белград и е надвор од дофат за црногорските правосудни органи за издржување на затворската казна. Зошто овој пензиониран политичар, без никакво влијание на политичките процеси во Црна Гора, е ставен на листата на санкции, тешко е да се објасни.
Од друга страна, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој со своите перманентни обиди да ја дестабилизира државата, провоцирајќи ја српската национална и верска заедница во Црна Гора, воопшто не е на радарот на американската и ЕУ дипломатијата. Ако уште може и некако да се провлечекај Американците поради неговиот субмисивен политички однос кон Вашингтон, тогаш неговите коруптивни и финансиско-криминални дејствија од позиција на претседател и поранешен премиер на земјата, несомнено го квалификуваат како прв носител на групата на политичари од регионот, кои мораат да се најдат на американската црна листа.
Односот на САД кон Косово е уште еден бесрамен пример за тоа како листата на санкционирани политичари селективно се составува од администрацијата во Вашингтон. Додека Христијан Мицковски и Миодраг Додик се предупредуваат или ставаат на црна листа само поради нивните изјави дека не ги почитуваат меѓународните договори, без никакви конкретни дејствија кои се спротивни на американските интереси во регионот, сегашниот и поранешните премиер на т.н. косвска влада, Арбин Курти, Рамуш Харадинај и Авдулах Хоти јавно изјавуваат дека немаат намера да го спроведат она што било потпишаносо Бриселскиот договор, а, пред сè, формирањето на Српската заедница на општини. Поминати се точно девет години од потпишувањето на договорот, а никој во Вашингтон не ни помислува да му се закани на Курти дека може да се најде на листата на санкционирани, а камоли да биде санкциониран, поради непочитување на обврските превземени со прифаќањето на меѓународниот договор.
Неморалноста и бестијалноста на американската политика кон Косово може да се детерминира и од изјавата на портпаролот на Стејт департментот, кој на прашањето дали по барањето на Приштина за членство во Советот на Европа, Договорот од Вашингтон е мртов, одговорил дека договорот е сè уштена сила, но од страните потписнички зависело дали ќе го спроведат.
Од каде одеднаш таква флексибилност на Вашингтон во однос на обврските на политичарите кои потпишалемеѓународен договорот? Селективноста и лицемерието на Вашингтон е дотолку поголемо, така што, и покрај одбивањето на Албанците и Курти да го спроведат договорот од Брисел и Вашингтон, САД сметаат дека тринаесет косовски Срби се главната закана за безбедноста на Косово, меѓу кои и Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа, која е водечка партија на косовските Срби. Сите тие се ставени на листата за санкционирање.
Да се биде на вистинската страна на историјата
Нема сомнеж дека бруталната сила на американската дипломатија, како во нашиот регион, така и во остатокот од светот, по завршувањето на Студената војна, е излезена надвор од сите дипломатски правила и кодекси. Бечката конвенција, не само што повеќе не е норма, туку не е ниту ориентир во чии рамки ќе се движат дипломатските активности во „суверените“ држави, а со безочни лаги се погазени и основните морални начела; вистината се искривува, а создавањето на нова реалност е во функцијаза таквата псевдо-вистина да се прогласи за апсолутно објективна и од остатоко од светот да биде или доброволно прифатена или насилно наметната. Нема ништо полошо од тоа кога тиранијата ќе се преоблече во демократија, говорел Монтескје.
Какона светилникот на врвот од ридот ќе му се гасне светлото, така ќе се зачести со посегнувањето по вакви бестијални лаги, врз основа на кои ќе се формираат и црни листи, со сè поголем и подолг список на имиња. Доколку украинската криза продолжи, а Србија остане неутрална и доследна на неприклучување кон санкциите на Европската унија против Русија, нема да биде чудо доколку и српскиот претседател Александар Вучиќ добие предупредување од Вашингтон дека е можен кандидат за црната листа на санкционирани политичари од Балканот.
Сепак, на крајот, неизбежно ќе дојде ново време, ќе се случат глобални промени, а тогаш присуството на американската црна листа ќе се толкува како легитимација дека во клучниот историски момент се било на вистинската страна на историјата. Нешто како new ageпартизанска споменица во борбата против милитаристичката Пакс Американа.
Текстот првично е објавен во списанието Просвјета од Загреб.