Цуцуловски: Предавници и насилници ги уништуваат фактите за македонска нација
- Фејсбук статус на Проф. Др. – Љубомир Цуцуловски
Прашањето за постоењето или непостоењето на македонската нација не е теориско прашање, уште помалку политичко прашање. Тоа е практично прашање – прашање на самите факти.
Фактите, пак, ја имаат таа особина/способност да постојат, сеедно дали тоа некому се допаѓало или не. Додуша, ако некој нема доволно скрупули да го признае нивното постоење, а има доволно сурова и варварска сила, може (евентуално!) да ги уништи. Меѓутоа, во тој случај, останува фактот дека постоењето на македонската нација насилно, без какво и да е чувство или скрупула, е уништено.
А тој факт, фактот за евентуалното уништување на македонската нација, никогаш веќе не ќе може да биде уништен, ниту заборавен. Насилниците, предавниците и уништувачите на факти секогаш треба ова да го имаат предвид, бидејќи колку некој насилно да ја менува историјата, никогаш не ќе може да го промени фактот за уништените факти – некогашни и сегашни.