Левица: Пензионерите во Штип оставени да премрзнат оваа зима
- Реакција на ЛО Штип при политичката партија Левица
Неспособноста на окупаторската власт ги доведува пензионерите, луѓето кои ја градеа оваа држава, на раб на премрзнување претстојнава зима!
Имено, по 750 кочански пензионери, сега и 500 пензионери од Штип и околината се оставени да смрзнуваат зимава, откако двете фирми-добавувачи решиле своеволно да го раскинат договорот за достава на огревно дрво по веќе договорената цена од 3.400 денари за буково и 3.500 денари дабово дрво за кубен метар
Најавите дека доаѓаат најтешките месеци за преживување по Втората светска војна, се занемаруваат од страна на властите, кои нѐ убедуваат дека ќе имаме доволно храна, гас, огревно дрво? Да, можеби, но, по недостапни цени за обичните граѓани!
Од Локалниот огранок на Левица прашуваме:
- Зошто се прекинати договорите со пензионерите ?
- Зошто пензионерите се оставени да смрзнуваат зимава од страна на властите?
- Дали покачувањето на цената е причина за добавувачите да се однесуваат како воени профитери и во време на светска криза самоволно да раскинуваат договори Како властите ќе го решат овој проблем?
Бараме ИТНО Снабдување на пензионерите со огревно дрво по договорената цена, со што би се испочитувале договорите.
Крајно нехумано е да се ќари на терет на финансиски најранливата група граѓани – пензионерите! Колку ли само млади се крепат од примањата на пензионерите во нивните семејства? На оваа скапотија, немаштија и инфлација, грев е да страдаат најслабите поради грешките на властите и неумешните менаџери на шумските претпријатија.
ЛО Левица – Штип ги охрабрува ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ да се обратат до нас за заеднички да ги детектираме неправилностите и да формулираме дополнителни заеднички иницијативи.
Колку властите ќе имаат слух за сето ова е прашање, и проблем што ТРЕБА ИТНО ДА СЕ РЕШИ