По предупредувањето до САД, НР Кина отпочна нова серија на воени вежби
Народно-ослободителната армија на Кина (НОАК) денес спроведува вежба со жив оган во водите на источната провинција Фуџијан, лоцирана преку теснецот од островот Тајван, според извештајот на одделот за поморска безбедност на градот Пингтан.
Одделот издаде соопштение дека од 8.00 до 21.00 часот по локално време во назначената област во се одржуваат вежби со пукање и затоа на сите бродови им е забранет влез во овој регион.
Во исто време, на 29-30 јули, воените вежби на НОАК се одржуваат и во западниот дел на теснецот Чионгжу, кој ја дели јужната провинција Гуангдонг од островот Хаинан, како и во водната област југоисточно од островот Даваншан кој се наоѓа јужно од брегот на провинцијата Гуангдонг.
Вежбите на кинеската армија на истокот и југот од земјата се одржуваат во пресрет на прославата на 95-годишнината од основањето на НОАК, но во позадина стои можна посета на Претседателот на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси најавено во Тајван, на која Пекинг активно се спротивставува.
Можната посета на Пелоси на Тајван беше пријавена уште во април, но азиската турнеја беше откажана поради ненадејната инфекција на Пелоси со коронавирус. Медиумите, исто така, објавија дека кинеските дипломати во САД активно работат на тоа да им пренесат на американските конгресмени дека посетата на Пелоси е непожелна.