Смилев до Коциќ: 74% од Македонците треба да ги пријавиш во полиција, за сите нив си предавник
Пратеникот Ненад Коциќ во велешката полиција пријави граѓани кои поради прифаќањето на бугарскиот протокол го нарекуваат предавник, објавија од ЛО – Левица Велес, кои со адвокат од партијата беа на информативни разговори во полициската станица.
Коциќ на последните локални избори убедливо загуби во трката за градоначалник на Општина Велес.
По официјалната реакција од Локалниот Огранок, следуваше реакција и од советникот Игор Смилев, кој го „избриша подот“ со пратеникот, на кого не му се оствари желбата да стане градоначалник.
Ах бре Ненад, ако зборот предавник е говор на омраза, ти си предавник, бидејќи тој збор се содржи во твоето име и презиме … ти си поднел пријава против самиот себе бе, ама тешко е да удриш по сопствениот самар, и против предавникот во себе, а уште потешко да се пријавиш себе си во полиција… ОК, ќе не пријавиш 5 , 7, 15 луѓе, цел огранок на Левица – Велес, 74 % Македонци…..но, против историјата не можеш да поднесеш пријава, оти таа со здебелени букви тебе и твоите 67 колеги ќе ви даде место во вечноста како предавници, се разбира, ако Бугарските администратори дозволат да се учи оваа историска лекција, – напиша Смилев.
Смилев на Коциќ му порачува дека и покрај тоа што пратеникот од позиција на моќ објавува лаги за граѓаните – членови на Левица, тој нема да биде тужен.
Патем, убаво е нели од позиција на пратеник со имунитет комотно и комформистички да пишуваш гнасни невистини за секој од нас, вклучително и за мене, ама знаеш што е разликата помеѓу мене и тебе? Ти дозволувам да пишуваш секакви подли лаги против мене, и никогаш нема да те пријавам за говор на омраза, но, нема да дозволам да ги малтетираш нашите чесни членови, чиј единствен грев е што кренале силно глава и што јавно напишале дека си предавник, што ќе остане забележано како несоборлив историски факт !!! – е пораката до пратеникот на СДСМ, кој од својот народ бара спас кај полицијата.