Притисокот кон активистите на Левица продолжува – полицијата со нови повици за информативни разговори
- Соопштение на Левица – ЛО Велес
Немањето храброст на пратеникот Ненад Коциќ да се соочи со народот по извршеното предавство со давањето поддршка на штетниот Француски предлог резултираше со поднесување кукавички пријави кон членството на Левица Велес.
Имено неколку членови од ЛО Велес во изминатите денови беа повикани на информативен разговор во СВР Велес, по поднесена пријава од страна на Ненад Коциќ за изразен политички став кој очигледно не е по мерка на пратеникот по социјалните мрежи.
Ние како локален огранок на Левица, цврсто стоиме позади секој став изразен на официјалната страница на Левица- Велес и му порачуваме на пратеникот Ненад Коциќ храбро и јавно да се соочи со своите сограѓани, а не кукавички да се крие под превезот на службите.
Со правна поддршка од Правниот сектор на Левица – Адвокат Наташа Стефановска спремаме правна заштита и одговор по однос на неоснованата пријава.