АктуелноЛокално

По реакција на Левица – донесена е одлука за забрана на извоз на огревно дрво и пелети

На вчерашната 63-та владина Седница, иако со задоцнување, конечно се донесе разумна одлука по реакцијата и апелите упатени од Левица пред околу еден месец. Со оваа одлука конечно се ограничување извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана како резултат енергетската криза на светскиот пазар.

Од Политичката партија Левица на 21 јуни 2022 година побараа итно да се донесе ваква мерка како единствено решение за ублажување на кризата што ѝ се заканува на Република Македонија, со тогашната реакција итно се бараше од Министерот Николовски воведување на:

– Времена забрана за извоз на огревно дрво со цел да се намали недостатокот на дрвна маса што директно се одрази и на производителите на пелети;
– Енергетско преструктурирање на друг вид енергенси, а не само на огревното дрво, a со тоа ќе се намали и самата побарувачка, како и екстремното загадување на воздухот во текот на зимскиот период;
– Информирање на јавноста за тоа колку тони дрвна маса месечно се извезува во други земји.

Од Зелениот сектор на партијата тогаш наведоа дека „ваквите мерки се единствено решение за ублажување на кризата што и се заканува на Република Македонија, а огревот, храната и обувките спаѓаат во основните добра за живот.“