Преку методи на инфилтрација Бугарија ќе се обиде да завладее со Македонија
- Фејсбук статус на Никола Петров – Координатор на Левица – Сектор туризам
Истражувајќи малку на интернет за тоа дали на друго место во светот се случила ваква КАПИТУЛАЦИЈА на државата преку договор, дали е потпишана и како е спроведена, наидов на ист случај помеѓу Британија и Кина, но далеку помек, така да кажам, бидејќи помеѓу нив немало ревидирање на историјата и јазикот.
“Капитулантскиот систем широко се раширил во 17, 18 и раниот 19 век, кога трговците од Запад го ширеле западното влијание преку процес на инфилтрација, а не со анексија. Наскоро се развија „нееднакви договори“, а такви договори како што се Кинеско-Британскиот дополнителен договор (1843) и неговите подоцнежни модифицирани акти воспоставија систем на провинциски судови и Британски врховен суд во Кина за судење на сите случаи во кои се вклучени британски поданици, но, не им беа дадени соодветни права на кинеските жители во Британија.”
Како што видовме, Британија не ја анексира Кина, туку преку метод на инфилтрација владее со неа. Во нашиот случај, Република Македонија не е анексирана од Република Бугарија, туку преку инфилтрација на пробугарски врховистички политичари (СДСМ – ДУИ) ќе владее со нас.
Британските судови имат јурисдикција врз поданиците во Кина, во нашиов случај министерството за надворешни на Бугарија ќе има јурисдикција врз македонските граѓани преку протоколот и оценувањето и гонењето за говор на омраза за сите кои ќе зборуваат за жртвите на бугарскиот фашистички окупатор.
Другата сличност со овој договор за капитулација помеѓу Британија и Кина е во тоа што соодветни права не им се дадени на Кинезите во Британија, како на Британците во Кина.
Со овој протокол е истото и кај нас, ние ќе мораме да ги вметниме Бугарите во Уставот, да им признаеме културни, јазични права, да им овозможиме соодветна застапеност за вработување во државна администрација, да им отвораме паралелки каде ќе учат на бугарски јазик, да формираат бугарски културни друштва, бугарски политички партии и така натаму, а додека Бугарија не презема обврски за признавање на македонското малцинство во Бугарија, ниту спроведување на пресудите од Стразбур за кршењето на човековите права на Македонците во Бугарија. Едноставно, како да не постојат.
Ете и ваквиот капитулански договор помеѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде пример за истражување од светските правници, студенти, научници, за тоа како се потпишува капитулација во мирнодопски услови.