Дали и денес Урсула Фон Дер Лајен ќе брка пратеници како Бејли што ги бркаше

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Политичката Партија Левица

Добро утро

Дали и денес Урсула Фон Дер Лајен ќе брка пратеници низ собраниските ходници, како на сточен пазар, како што Бејли ги бркаше за гласањето за Преспански договор?

Истите флоскули се мантраат, како и ова не е идеално решение и претставува тежок компромис, но патот кон Европа ќе биде широко отворен – како 30 години уназад.

Ќе убедуваат дека изворот на корупцијата, криминалот, безаконието, сиромаштијата е во нашите билатерални проблеми, во нашиот јазик, во нашата антифашистичка историја – додека им даваат безрезервна поддршка на властодршците од Нашата земја да продолжат да крадат.

Македонија никогаш нема да биде Франција, Белгија, Германија – затоа што историски никогаш не акумулирала богатство од експлоатација на колонии во Третиот свет. Што би биле денес Британија, Холандија и Франција без нивните колонии?

Денес ЕУ повторно ќе демонстрира како ги третира малите народи и нивните цивилизациски права. Ама доаѓаат нови генерации и светот драстично се менува – ова не се ’90-тите и ЕУ не е некоја мистична идеја за правда и демократија по која заљубено копнееме.

ЕУ ја покажа својата целосна нефункционалност, двојни аршини и лицемерие – а македонскиот народ тоа најдобро го осети на својот грб. Останаа само шака платеници од европски фондови да мантраат за европскиот сон кој неминовно се руши, а новите генерации (ослободени од бремето на ЕУ – фундаментализмот) ќе градат нови светови.

НЕ за бугаризација

НЕ за ЕУ