АктуелноЛокалноНастани

Сенародни протести пред Влада секој ден во седум против бугаризацијата

После вчерашниот масовен протест, граѓаните продолжуваат да се организираат и порачуваат дека ќе продолжат да протестираат пред владата секој ден во 19:00 часот.

„После масовниот протест, каде македонскиот народ достоинствено упати порака до квислиншката Влада „НЕ ЗА ЕУ ПО СЕКОЈА ЦЕНА” – продолжуваме со отпорот!

Ќе протестираме се додека Владата на СДС и ДУИ не го отфрли понижувачкиот предлог! Ќе протестираме се додека Владата не поднесе оставка поради новото национално предавство!

Македонците не прифаќаат ултиматуми од бугарските врховисти.

Mакедонскиот јазик не е дијалект и фуснота.

Mакедонската историја нема да се ревидира по бугарска желба.Македонските учебници нема да се пишуваат во бугарскиот двор.

СЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ – ДО КРАЈ!” – стои во соопштението на организаторот на настанот

Воедно, политичката партија Левица во официјалното соопштение ги поддржува протестите и повика сите граѓани да се придружат на протестите пред владата, секој ден во седум часот.