АктуелноЕУЛокално

Евроамбасадорот Гир не го осуди насилството во Парламентот – ги поддржа реформите на ДУИ и СДСМ

После скандалозното однесување на пратеникот од ДУИ Арбер Адеми во собранието на Р.Македонија за време на Комисијата за европски прашања, не е забележена осуда од страна на ЕУ и нејзините претставници во Македонија.

Имено, Евроамбасадорот Дејвид Гир кој деновиве е присутен во Македонија во ниту една негова изјава не го осуди ваквото недолично однесување и девалвирање на законодавниот дом на Р.Македонија. Напротив, во текот на вчерашниот ден, Гир на Мешовитиот парламентарен комитет – РМ ЕУ имаше своја изјава во која даде поддршка на реформите на ДУИ и СДСМ со кој се предвидува зголемување на работниот однос на 60 судии на возраст од 62 и 64 години.

Пензионирањето на голем број судии останува предизвик. Затоа, предлог измената е важна за да се надополни недостатокот на персонал во судството и обвинителството. Чекаме да се комплетира и бројот на судии во Уставниот суд без кои тој не би можел да функционира” рече Гир


Против ваквата законска измена реагираше политичката партија Левица. Пратеникот Димитар Апасиев, во својот говор во Собранието истакна дека всушност ваквиот закон се шверцува со европско знаменце за 60 судии слуги на власта да продолжат да судат уште три години.

Но, смислата на овој закон е во предниот период, односно дека нема кадри од Академија за судии, па ќе падне бројот на судии под потребниот, што е ноторна лага. Ние имаме ПРЕВРАБОТЕНОСТ на судии, имаме 500 судии, а според ЕУ треба да имаме 400 судии. И основниот аргумент е дека 60 слуги на власта, кои се стари судии, треба да продолжат да судат уште 3 години, само за да го штитат криминалот на СДС.” рече пратеникот Апасиев


На оваа измена исто така реагираше и поранешниот јавен обвинител Војо Димоски преку статус на социјалните мрежи.

Дека мотивот е да ги задржат по секоја цена на товар на буџетот најверните слуги на режимот (бидејќи накадарни какви што се, нити некогаш излегле на пазарот на трудот, ниту можат да преживеат од вештините што ги имаат!).Моите забелешки се од формална природа: Материја која е регулирана со системски закони ќе ја моделираат со просто мнозинство! Тоа се разбира е тешка злоупотреба. Ама вие си знаете!Еве прилика за ЛДП, ДОМ, ДС и слични да докажат нешто во кое никој не верува: дека имаат кичма.

Дали ќе има некаква реакција и осуда деновиве од страна на институциите и претставниците на Европската Унија за однесувањето на Адеми и зошто ЕУ ги поддржа ваквите реформи на ДУИ и СДСМ останува да видиме.