Вархеји: Бугарските барања сега се дел од преговарачкиот процес
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска на својот твитер профил јавно изјави дека сите Бугарски барања влегуваат во преговарачката рамка и покрај негирањето од страна премиерот Димитар Ковачевски.
#ЕУ многу сериозно ги зема во предвид сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. #ЗападенБалкан треба да биде дел од нашата #Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни.
Притоа се заблагодари до поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ за изразената поддршка за францускиот предлог.
Му благодариме на лидерот на опозицијата Герб Бојко Борисов за донесување историска одлука за Европа и за Македонија со прифаќање на преговорите засновани на францускиот предлог кој дозволува да се продолжи со отворање на пристапните преговори со Македонија. Очекуваме владата да ги даде потребните предлози до Парламентот денес за да може Европа да оди напред.