АктуелноЛокално

(Видео) Левица: Заев и Груби договориле деградирање на Агенцијата за млади и спорт

  • Прес-соопштение на координаторката на Левица – Сектор спорт, Весна Кираџиева

Заев и Груби договориле Агенцијата за млади и спорт да биде избришана како самостоен орган и наместо тоа, да биде под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците.

Ова било договорено уште минатата година по предлог на Груби, за што Заев се согласил, а на седница на Владата од март годинава, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците.

Наместо унапредување на Агенцијата за млади и спорт во Министерство кое има свој претставник на Владините седници, да одлучува рамноправно за националните прашања со останатите Министри, спортистите и младите добиваат деградирање.

Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да провоцираат поделба во општеството, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што ние опоменуваме веќе некое време наназад.

Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!

Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот против ваквата одлука.

Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.

Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото.