АктуелноЛокално

Крмов: Очајниците за власт СДСМ бесрамно го заштитија Талат Џафери

Пратениците од владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ денес во собранието заедно застанаа во заштита на Претседателот на Собранието Талат Џафери, штитејќи го од одговорност од инцидентот за пцуењето на вработените службеници. Ова го соопшти пратеникот Борислав Крмов на социјалните мрежи.

„Очајниците за власт СДС најбесрамно го заштитија Талат Џафери, кој избега од соочување за неговото насилничко однесување према службениците!“ – напиша Крмов.

Во објавата пратеникот од редовите на Левица вели дека пратениците на СДСМ ладнокрвно и без грижа на совест не го изгласале дневниот ред на кој требаше да се дискутира за оваа точка.

„Ладно не си изгласаа дневен ред и расправата не се оддржа. Срамно и кукавички за еден претседател на Собранието вака да бега од одговорност.“

Со ова однесување, СДСМ продолжува да се однесува заштитнички кон функционерите на ДУИ, кои немаат поднесено никаква одговорност за она што го имаат сторено. Во случајот за прекршувањето на Етичкиот кодекс кој самиот Џафери го поднесе пред неколку години.

Крмов смета дека овој потег на пратениците на СДСМ е исклучително заради желбата да се остане на власт по секоја цена.

„А на СДС задниците одамна им се дадени под кирија. Нема политичко дно кое не се подготвени да го допрат. Му висите на вратот на овој народ! Не можеме да дочекаме конечно да си заминете во историјата.“