Русија воведе нови санкции за британските пратеници
Русија соопшти дека донела одлука за санкции против 154 членови на британскиот Парламент. Оваа реакција следува како резултат на политиките и санкциите преземени од Западните земји против голем број на Руси поради специјалната воена интервенција во Украина.
Во март, британската влада воведе санкции за „речиси сите членови“ на Горниот дом на рускиот парламент. Од официјална Москва, како што претходно најавија, го следат принципот на реципроцитет во меѓународните односи.
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација вчера соопштија дека на британските пратеници меѓу кои е и Вилијам Хејг, поранешен министер за надворешни работи и лидер на Конзервативната партија им забранува да влезат во Русија.
Откако НАТО не ги прифати руските барања за непроширување кон Исток и продолжи да ја милитаризира Украина, по Указ на Претседателот, на 24 февруари Русија ја започна операцијата за демилитаризација на Украина.
Западот воведе низа санкции кон Москва, вклучително и исклучување на неколку банки од системот за пораки SWIFT, ембарго на рускиот извоз, ограничувања на инвестициите, замрзнување на имотот за владини функционери и нивните семејства и забрана за патување за многу високи функционери.
Русија минатиот месец го забрани влезот на 287 британски пратеници кои одиграле „најактивна улога“ во изготвувањето на антируските санкции и придонеле за „русофобна хистерија“.