АктуелноЛокално

Највисока стапка на инфлација во Македонија од 1995 година

Објавата на стапката на инфлација од 10,5% на годишна основа, ги потврди стравувањата дека инфлацијата излезе од контрола.

Касната реакција на носителите на економските политики, недоволната будност на оваа Влада дека треба навремено да се справи со предизвикот на енергетската криза и растот на цените, ѝ донесе на Македонија инфлација каква што не сме имале од 1995 година.

Денес инфлацијата е широко распространета и сите ја чуствуваме! Инфлацијата го јаде животниот стандард на народот.

Иако политичката партија Левица заедно со нејзините сектори кои ја работат оваа проблематика укажуваа на неизбежен раст на инфлацијата, Владата не одговори на повиците за справување со инфлацијата. Токму спротивно, не превземањето на доволно економски мерки и пасивноста на Владата доведоа до најголемата стапка на инфлација од 1995 година!