Блокада на регионалниот пат Кавадарци – Неготино
- Реакција на Левица Неготино
Земјоделците со години даваат род без гаранција дека ќе биде исплатен.
Тенденциозно се уништуваат водоснабдителните системи, додека ресурсите се пренасочуваат кон насадите на големите винарски визби блиски до власта!
Земјоделците се оставени на милост и немилост со празни ветувања дека ”каде и да е, наредната недела” ќе им бидат исплатени субвенциите!
На први март Левица поднесе предлог-закон кој предвидува навремена исплата на родот што е гаранција за земјоделецот кој е производител на родот, а СДС и ДУИ сложно гласаа ПРОТИВ усвојување на тој предлог-закон!
.: Власта одби закон за навремена исплата на родот предложен од Левица!
.: Лозарите блокираа регионален пат поради ненавремена исплата на родот!