АктуелноИнтернационално

Да не се заборават злосторствата на фашистичката толпа во Одеса

На денешен ден, 2-ри мај 2014 година во Одеса – Украина, десетици беа убиени од страна на фашистичката толпа која ја запали куќата на синдикатот под закрила на режимот во Киев инсталиран од Мајдан.

Meѓу загинатите беа и младите комунисти Андреј Бражевски (Боротба) и Вадим Папура кои останаа симболи на модерната антифашистичка борба.

Тогаш приврзаниците на националистичката организација „Десен сектор“ и таканаречената самоодбрана на Мајдан ги запалија поставените шатори на  „Куликово поле“. Проруските активисти се скрија во Домот на синдикатите, но зградата беше запалена. Според податоците на украинските власти, загинале 40 луѓе, но според информации добиени неформално тогаш загинале вкупно 116 луѓе.

По неколкунеделни масовни протести на жителите на Одеса против пучот во Киев, градот беше преплавен со неонацистички банди и паравоени групи од Западна Украина.

Виновниците за стореното злосторството сѐ уште не се изведени пред лицето на правдата и за ова злосторство до сега никој ниту бил казнет, ниту пак некогаш одговарал.