АктуелноБиблиотека

Положбата на работникот во социјализмот vs капитализмот

Во социјализмот работникот:

– Работничката класа и сите работни луѓе ja остваруваат власта и управуваат со другите општествени работи организирани во организации на здружениот труд и во други самоуправни организации и заедници и во класни и други општествено-политички и општествени организации.

-Работните луѓе ja остваруваат власта и управуваат со другите општествени работи со одлучување на собири, со референдум и со други облици на лично изјаснување во основните организации на здружениот труд и во месните заедници, самоуправните интересни заедници и во другите самоуправни организации и заедници, преку делегати во органите на управување на тие организации и заедници, со самоуправно спогодување и општествено договарање, преку делегации и делегати во собранијата на општините и во Собранието.

-Доходот што заеднички ќе го остварат со здружување на трудот и на средствата, основните организации на здружениот труд го распределуваат во целост мeѓy себе според нивниот придонес во остварувањето на тој доход.

-На секој работник, во согласност со начелото на распределба според трудот и со порастот на продуктивноста на неговиот и на вкупниот општествен труд и со начелото на солидарноста на работниците во здружениот труд, му припаѓа од доходот на основната организација на здружениот труд, личен доход за задоволување на неговите лични, заеднички и општи општествени потреби, според резултатите од неговиот труд и неговиот личен придонес што со својот тековен и минат труд го дал во зголемувањето на доходот на основната организација.

Во капитализмот работникот:

-Работникот се смета за уште вид на „човеков капитал” исто како што се сметаат и машините, и другите средства за производство во сопственост на владејачката капиталистичка класа.

– Работникот нема никакво учество во претпријатието за кое што работи. Напротив, претпријатието е во приватна сопственост на сосема различни индивидуи, кои не придонесуваат никаков реален труд, освен тоа што се во сопственост на средствата за производство, додека го земаат целиот профит од работата на работниците.

-Работната сила се изнајмува од страна на работникот, што го прави работникот да биде вреден онолку колку што му носи профит на газдата, со што се повредува достоинството на работникот.

-Државата не води никаква грижа за работниците, и владее систем каде што ако некој е помалку квалификуван му се оневозможува да има пристоен живот.

-Работничката класа е доведена во ситуација да биде на работ на сиромаштијата во сите капиталистички општества, додека нивните газди живеат во луксуз.

-Зголемена економска нееднаквост, која понатаму се прелева во сите сфери на општественото живеење и доведува до појава на криминал.

ФАКТ: Во САД како најнеолиберална држава, просечниот извршен директор на некоја од топ 300 компании, прима 351 пати повисока плата него просечниот работник во истата компанија. Просечната плата на тој извршен директор изнесува 24 милиони американски долари.

Капитализмот е вистинската пандемија!