АктуелноЛокално

Оризовте полиња стануваат пусти

  • Фејсбук статус на Никола Петров.

Од денеска (18.04) почнува сеидбата на оризот во Кочанско, Чешиново и Облешево. За оваа реколта биле планирани да се насеат 4000 хектари. Али што вели статистиката на производство на ориз минатите години?

Согласно податоците прикажани во табелата во однос на површините и производството на ориз може да заклучиме дека од 2014 година се забележува поголемо намалување на засеаните површини на ориз во хектари, но истовремено се забележува и големо намалување на производството на ориз во тони.

Ако во 2014 година сме имале 5.174 хектари насеани и добиени 30.500 тони ориз, во 2020 година таа површина е намалена на 3.177 хектари и 19.518 тони ориз.

Овие статистички податоци јасно ни укажуваат дека откако почна политичката криза наметната од СДСМ и насилното преземање на власта во 2016, се до ден денес владата на СДСМ – ДУИ работат на уништување на македонското земјоделие.

Производството на фундаменталните житни култури е драстично намалено, така освен на познатиот бренд на кочанскиот ориз тоа е намалено и кај сите житни култури.

Бидејќи во претходните години немаше проблем со високите цени на нафтата и ѓубривата, можеме да заклучиме дека намалувањето на производство се должи на други причини, како на пример овозможување на високи профити на трговци блиски до нив кои увезуваат житни култури, и ниските откупни цени на домашното производство заради високи профити на мелничарите.

Македонското земјоделие повторно ќе ги дочека своите убави денови само и единствено со развластување на оваа антинародна профитерска власт.