Повеќе од 6.500 мигрантски работници загинаа во Катар откако е назначен за домаќин на Светското фудбалско првенство 2022
Повеќе од 6.500 работници мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинаа во Катар откако тој го доби правото да биде домаќин на Светското првенство пред 10 години.
Наодите, собрани од владини извори, значат дека во просек по 12 работници мигранти од овие пет јужноазиски нации умираат секоја недела од ноќта во декември 2010 година, кога улиците на Доха беа исполнети со екстатични толпи кои ја славеа победата на Катар.
Вкупниот број на загинати е значително поголем, бидејќи овие бројки не ги вклучуваат смртните случаи од голем број земји кои испраќаат голем број работници во Катар, вклучувајќи ги Филипините и Кенија. Не се вклучени и смртните случаи што се случиле во последните месеци од 2020 година. Катар започна невидена градежна програма во изминатите 10 години, главно како подготовка за фудбалскиот турнир во 2022 година. Покрај седумте нови стадиони, десетици големи проекти се завршени или се во тек, вклучително и нов аеродром, патишта, системи за јавен превоз, хотели и нов град, кој ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство.
Притисокот да се изгради целата оваа инфраструктура за потребите на Светското фудбалско првенство за така краток временски период, како и суровите услови за работа, со превисоки временски температури и високата влажност се сметаат за главните причинители на вака високата бројка на смртни случаи.
На овие мигранти, кои во своите земји живеат во сиромаштија, им се ветуваат големи плати и заработка, а за регрутација, тие на агенти им плаќаат и по 1000 фунти, за да ја добијат работната позиција. Освен во несреќи на работните места, голема стапка на смртност меѓу овие работни има и поради самоубиства. Зад статистиката лежат безброј приказни за уништени семејства кои останале без нивниот главен хранител, кои се борат да добијат компензација и збунети околу околностите на смртта на нивните сакани.
Катарската влада вели дека бројот на смртни случаи – којшто не го оспорува – е пропорционален на големината на работната сила мигранти и дека овие бројките ги вклучуваат и работниците на „белите јаки“ кои умреле природно, откако живееле во Катар долги години. Исто така, се вели дека само 20 отсто од иселениците од предметните земји се вработени во градежништвото и дека смртните случаи поврзани со работа во овој сектор претставуваат помалку од 10 отсто од смртните случаи во оваа група.
Така на пример, германскиот уметник Волкер-Јоханес Триеб, во знак на протест, истури 6.500 издишани фудбалски топки пред од седиштето на ФИФА во Швајцарија, за да го означи секој изгубен живот и ги повика луѓето да го бојкотираат Катар 2022. Германски уметник се приклучи на протестите против Светското првенство што се одржува во Катар.
Реакции за загрижуачката бројка починати мигрантски работници има од повеќе страни, како и од поранешни спортисти, но медиумите се воглавно неми.