АктуелноЛокално

Пратеникот Крмов се сретна и ги прими родителите на децата со попреченост на денешниот протест

  • Соопштение на Политичката партија Левица.

Родителите на деца со попреченост денес одржаа протест пред Владата и пред Собранието на Република Македонија.

Прв кој ги прими и ги сослуша родителите на децата со попреченост беше пратеникот на Левица – Борислав Крмов. Крмов најпрво се симна пред Собранието и раговараше со родителите, за потоа и да ги прими во својата канцеларија.

На едночасовната средба, родителите му ги предочија проблемите со кои се соочуваат и побараа помош од пратеникот Крмов за нивно решавање.


Барањата на родителите на децата со попреченост се следните:

-зголемување на износот на „посебниот додаток“;
-зголемување на износот на надоместокот за „мобилност“;
-зголемување на износот за „туѓа нега“;
-намалување на старосната граница за стекнување на правото на пензија на родителите кои што се грижат за децата со попречност.

Пратеникот на Левица им соопшти на родителите дека Предлог измените на Законот за заштита на децата ќе биде изготвен и поднесен денес, а наскоро ќе бидат изготвени измените и на другите закони согласно нивните барања.

Левица ќе продолжи и понатаму да ги подржува и да се бори за остварување на правата на лицата со попреченост.