Апасиев: Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на вчерашната собраниска седница, излезе со контра-реплика до пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева.
„Почитувана Калевска, вистината боли, ќе се обидам да бидам нежен, но навистина ќе ве боли вистината.
Вие не сте економист, туку сте правник-профитер. Вашето адвокатско друштво има искеширано од државата 60.000 евра, колку што вреди мојот стан, а околу вистината, нас не нѐ спасува ортодоксијата, туку ортопрактиката – не тоа што го зборувате, туку тоа што го правите.
Еве ја вистината почитувана Калевска:
Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија;
200 илјади лица живеат со само едно евро на ден, буквално само за леб и млеко – највисока стапка на сиромаштија во Европа – еве ја вистината Калевска;
Пола милион лица во земјава не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден денот – еве ја вистината Калевска;
Брако – милион и двесте илјади евра заработка, а плата просечна 276 евра – еве ја вистината за експлоатацијата и сиромаштијата која ја воведовте во државата“, заврши пратеникот Апасиев.