Клaрa Дели: Сите војни се зло и сите жртви заслужуваат поддршка

Клaрa Дели е ирска политичарка која е пратеник во Европскиот парламент. Таа е членка на „Независни за промена“, дел од Левицата во Европската Парламент. Пред Европратениците таа имаше обраќање во која зборуваше за воената интервенција на Русија во Украина, каде компаративно се осврна на случувањата изминатите години пред се во земјите од Блискиот и Среден Исток.

„Нема двоумење дека моментално живееме во време на катастрофална криза, каде животите на невини цивили се жртвуваат во војните од нивните господари Да во Украина, но и не само таму!

Од минатата пленарна седница, десетици илјади жители на Авганистан се принудени да мигрираат во потрага по храна и безбедност, 5 милиони деца се соочуваат со изгладнување, со ужасна и болна смрт! Покачување за 500% на детските бракови и деца кои се продавани само за да може да преживеат.

И нема ниту збор за тоа! Ниту овде, никаде! Немаме постојана медиумска репортажа, немаме итна хуманитарна помош, немаме специјални пленарни седници, а не се споменува ниту на оваа пленарна седница! Немаме Авганистанска делегација и немаме извештаи. Тие мора да се зачудени, што ли ја прави нивната хуманитарна криза толку неважна!

– Дали е бојата на нивната кожа? 

– Или можеби е поради тоа што тие не се бели? – Или пак не се Европејци? 

– Затоа што нивните проблеми доаѓаат од Американски оружја или Американска инвазија?

– Дали е нивна одлуката да се украде целото богатство на нивната земја од страна на Американскиот претседател или пак од рускиот?  Затоа што, сите војни се зло и сите жртви заслужуваат поддршка!

И се додека ние не стигнеме до таа страница, ние немаме никаков кредибилитет за било што.“