Руските и белоруските параолимпијци со забрана за настап на ЗПОИ Пекинг
Интернационалниот параолимписки комитет, којшто на ден пред почетокот ја промени својата одлука, откако претходно им дозволи да се натпреваруваат, но без обележјата на своите земји, им забрани на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг.
Интернационалниот параолимписки комитет ја промени својата првична одлука тие да настапат на Параолимписките игри во Пекинг, НР Кина, кои свечено беа отворени во петокот, 04. март, а ќе траат до 13. март 2022 година.
Од Русија требаше да учествуваат 71 параолимпиец, а од Белорусија 12.
Русија ќе организира свои Зимски параолимписки игри
Руските и белоруските параолимпјци ќе се натпреваруваат во Сочи, градот домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година
Откако на руските и белоруските натпреварувачи им беше забрането учеството на Зимските параолимписки игри, агенцијата ТАСС јави дека Русија ќе организира свое натпреварување.
Нацистички прогон на еврејските спортисти за време на Олимписките игри во 1936 година
Нацистичката Партија на Германија воспоставила диктатура во 1933 година, апсејќи ги нивните политички ривали, настојувајќи да ги стават под своја контрола сите јавни и приватни институции. Меѓутоа, кога станувало збор за домаќин на Олимпијадата, немало посебна нацистичка спортска организација.
Јозеф Гебелс, министерот за нацистичка пропаганда, знаел дека добивањето политичка моќ е само дел од процесот на создавање на новата германска држава; нацистите требало да го освојат и срцето на народот за вистински успех. Спортот бил пресуден за овој успех, бидејќи според него тој „ќе го зајакне карактерот на германскиот народ, проткајувајќи го со борбен дух и цврсто партнерство неопходни во борбата за неговото постоење“. На крајот, Министерството на Гебелс имало единаесет сектори посветени на спортот. Еврејските спортисти биле исфрлени од сите спортски организации, како што наложил Германскиот олимписки комитет.
Политиките на нацистичка Германија довеле до тоа, многу спортисти од светска класа да бидат исфрлени од натпреварите. Еврејските спортисти како и оние со еврејски родители биле систематски исклучени од германските спортски институции и здруженија. На почетокот од владеењето на Нацистичката партија во Германија, од 1933г. започнало со исфрлање на еврејските спортисти од клубови и организации, потоа преминало во нивно исфрлање од интернационалните натпревари, а подоцна и од учество на Олимпијадата во Берлин, 1936г., за да со почетокот на II С.В., оние спортисти кои останале во Германија, да бидат затворени во логори или убивани.