Руските банки се префрлаат на Кинескиот „UnionPay“
Во неделата, неколку Руски банки објавија дека планираат да започнат со користење на Кинескиот „UnionPay“ трансакциски оператор. Овој чекор, дојде брзо по воведените санкции од страна на „Mastercard“ и „Visa“ кои ги исклучија сите руски банки од својот систем на плаќање.
Во саботата, интернационалните компании „Visa“ и „Mastercard“ објавија дека ќе се придружат на воведените санкции од страна на западните земји кон Русија, како одговор на Руската агресија врз Украина.
Visa и Mastercard се најновите интернационални брендови кои воведоа санкции врз Русија поради конфликтот со Украина. Претходно компании како: „PayPal, Netflix, Intel, Airbnb и Rolls Royce“, објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар.
Руските банки, вклучувајќи ја и „Sberbank“, како најголема банка во Русија, како и „Alfa Bank“ и „Tinkoff“, објавија дека целосно ќе се префрлат на Кинескиот UnionPay поради последните случувања. Некои од Руските банки како што се: „Pochta Bank, Gazprombank, Sovcombank“ и неколку помали банки веќе имаа случено договор со „UnionPay“ и целосно ги користат нивните услуги.
„UnionPay“, како интернационален систем на плаќање е создаден во 2002 година, а во 2005 година го доби својот интернационален статус. Со седиште во Шангај,, компанијата соработува со повеќе од 180 земји ширум светот, вклучително и Швајцарија, Грција, Италија, Шпанија, Германија, Мексико, Кипар, Тајланд, Индија, Израел, Хрватска, Полска, Србија, Унгарија и Австрија