Мадуро: За Русија се применуваат истите санкции како и за Венецуела
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, овој четврток се согласи дека кон Русија се применуваат истите мерки што се користат против неговата земја уште од 2017 година, со цел да се изолира нивната економија.
„На Русија ѝ прават сè што ни направија и нас. Ја отстрануваат од ‘Свифт’, ги блокираат сите нејзини банкарски сметки, ги крадат нејзините резерви и средства, забрануваат трговија со нејзините производи во странство“, – рече венецуелскиот претседател.
Санкциите кон Русија повеќе не ја опфаќаат само меѓудржавната сфера на односи, тие ги опфаќаат сите општествени пори, вклучувајки ги културата, образованието, спортот и т.н. Заради ова Претседателот ја прокоментира и одлуката на Меѓународниот Параолимписки Комитет за протерувањето на руските спортисти поради воената операција во Украина.
„Руските спортисти се санкционирани исто така. Зошто би ги санкционирале спортистите ако олимпизмот во својата суштина е соживот на различностите на народите и културите во светот?“, – изјави Николас Мадуро.
Претходно, латиноамериканскиот претседател ја изрази својата поддршка кон Русија во однос на ситуацијата во Украина и ја истакна важноста од спротивставување на кампањата на лаги и дезинформации што ја спроведува западот.