Левица изгласа поевтин паркинг во Град Скопје
- Соопштение на Левица – Град Скопје.
На петтата седница на Советот на Град Скопје, советниците на Левица го изгласаа намалувањето на цената на паркинг услугите на Градскиот паркинг.
Во време на економска криза, сметаме дека е во интерес на граѓаните на Скопје намалувањето на паркинг услугите.
Како социјално прогресивна и зелена партија, Левица понатаму ќе се залага за очувување на животната средина, но сметаме дека повисоките цени за паркинг ќе ги обесхрабрат само граѓаните со пониски примања, додека вистинските загадувачи на Скопје се наоѓаат во приватниот сектор.
Советничките групи на СДСМ, Зелен Хуман Град и ЛДП/ДОМ гласаа ПРОТИВ, односно не гласаа за поефтинување на градскиот паркинг.