АктуелноЛокално

Министерството за култура ги финансирало само уметниците кои ја хвалоспеваат власта

Уметноста која важи за критичар на секое општествено уредување и е еден од носителите на критиката кон секоја власт, особено онаа лошата не важи во Македонија. Тука ваквата критика може многу лесно да стане хвалоспев, но тоа си има своја цена.

На лоши темели е поставена традицијата градена од независноста на државата, каде финансискиот бенифит е основа за хвалоспев кон власта. Оваа девијацаија е позната речиси во секоја општествена пора, но Министерството за култура во оваа легална подмитливост ги надминува сите лимити достигнувајќи нова димензија.

Класичен пример за е Мирко Попов од ПМГ Колектив кој годинава од страна на министерството за култура има добиено неверојани милион и сто илјади денари за три различни проекти. Попов е познат на јавноста по тоа што постојано ја поддржува власта на СДСМ, а добар дел од средствата ги доби откако отворено даде поддршка за Петре Шилегов во кампањата за локалните избори, а да се биде скопјанец го опиша како дијагноза.

Од порталот Инфомакс објавија листа на „уметници“, кои на легален начин си добивале солидна сума на пари од Министерството за култура и по некоја случајност, овие „уметници“ се блиски до партиите од владејачката коалиција.

Годинава од министерството за култура, Мирко Попов ПМГ за 2 плочи има добиено 247.500 денари. За фестивалот „Крај Вардарот фест“, Попов има добиено неверојатни 455 илјади денари, додека за фестивал кој го носи името на неговата група „ПМГ“ има добиено 399 илјади денари или севкупно 18 илјади евра само оваа година.

Извесна Леонора Рандобрава чие име не може да се пронајде на Гугл за еден албум има добиено 501,500 ден.

Бесиана Мехмеди мецосопран која воедно е професорка на Тетовскиот универзитет и се доделени 552,500 ден. Познавачите коментираат дека станува збор за огромни средства за само еден концерт и тркалезна маса.

Миранда Хашани која патем е графички дизајнер по професија исто така дипломиран на Тетовскиот универзитет има добиено 501,500 денари за концерт наречен „Концерт со бесмртни граѓански песни“.

Маријана Николовска која е пијанист има добиено средства за проект насолвен Транседенција со 4 пијана има добиено 436 илјади евра. Според насловот би требало во проектот да се користат 4 клавири што е поскапо, доколку се користат концертни клавири, но она што е најважно е што Маријана Николовска е сестра на Елена Николовска која е Раководител на Одделение за центри на културата, фолклор и музичко-сценска дејност при министерство за култура.

Мустафа Имери од министерството за култура има добиено 405.000 ден за концерт со камерен оркестар. Се работи за концертот Три тенори на кој ќе пеат Мустафа Имери и двајца гости од Албанија, кои и минатата година за таков концерт имаат добиенно 297.500 денари.

Енис Аљи за Концерт на гудачкиот оркестар Таденус му се доделние 336.500 ден. Минатата година на истата личност биле доделени 318.500 ден за проектот„Концерт на солисти и гудачки камерен оркестар“.

И повторно на исти особи и оркестри секоја година се доделуваат средства. На Еран Шукри доделени му се 351.000 денари за проектот Матрешката на Анастасија. Минатата година на Шукри доделени му 301.000 ден за проектот Арко.

Кренар Исамили за „Класична вечер со гудачкиот оркестар Таденус“ има добиено 336.500 ден од министерството за култура. Се работи за истиот оркестар кој добива големи финансиски средства за два концерта на овој кокнкурс, само аплицирале како поединци. За едниот проект аплицира Енис Аљи, а на другиот проект Кренар Исмаили.

Маја Поповиќ за „Серија целовечерни концерти“ има добиено 270.000 денари. Не е наведен бројот на концерти ке се реализираат дали три ,четири или пет, а повторно е доделена висока сума. Минатата година истата има добиено сума од 252.000 денари за проект насловен „Јубилеј 15 год. коцнертна дејност“.

Шкељзен Бавтијари има добиено 152.650 денари за еден проект, концерт насловен Рецитал на Шкељзен Бавтијари, кој и минатата година има добиено средства за проект и тоа 203.000 денари за проектот „Солистички концерти на пијанистот Шкељзен Бафтиари“.

Али Рамадани има добиено 120,400 денари за проект насловен АТА кој и минатата година на конкурсот бил подржан со 315,000 денари за проектот 20 години АТА.

Од етички и морален аспект гледајќи мора да се спомене Даница Стојанова која аплицирала како физичко лице за проектот Солистички концерт – Пијанистичка поезија и се доделени 95,000 денари. Таа е директор на ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, средното музичко училиште во Скопје, до пред некои време беше член на управниот одбор во Македоснката филхармонија, и е селектор на Охридско лето.

Подржан е 5 –ти Меѓународен фестивал по кларинет и саксофон СаксКлар со 790,500 денари проект кој е поднесен на име на Горан Трајковски, но е во организација на Нино Димов кој е член на комисијата која ги разгледува и одобрува проектите.

Извор: Инфомакс