АктуелноЛокално

Македонците во Бугарија предупредуваат дека не може да им се верува на бугарските власти

Македонците во Бугарија предупредуваат дека не може да им се верува целосно на бугарскит власти. Партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин смета дека Софија наскоро може да реши да ги отфрли и договорот од 2017 и овој за кој сега се преговара затоа што веќе еднаш се откажала од договор потпишан по втората светска војна.

И тогаш договорот бил базиран на мислења и ставови на историчари што може да се види во оригиналните документи кои ги приложува ОМО Илинден Пирин.

,,Догодина Софија може да не го признава договорот како тој од 1947 година. Ви претставуваме документ од 22.XI.1947 со кој тогашните историски комисии ги решиле проблемите, односно бугарските погледи на македонската историја. Од денешен аспект само може да заклучиме дека Бугарија е таа која не го почитувала овој договор. Чуму се овие денешни комисии ако веќе од следната година може кој стигне да ги порекнува овие договори?

И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти тие исто така се потписници на договорите:

  • Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија.
  • Декларацијата на ООН за човековите права
  • Европската рамковна конвенција за национални малцинства
  • Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
  • Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права.

А одбива да ја потпише Европската повелба за регионални малцински јазици. Од друга страна Македонија е оставена сама на себе под нов шовинистички притисок со кој таа треба да прифати дека Македонците биле Бугари, дека цела историја на Македонија до 1945 била Бугарска историја, а токму тие дилеми биле разрешени во не толку далечната 1947.
Само се потребни хумани и разбрани луѓе да ги почитуваат договорите и меѓународното право, a не насилничко однесување.

Извор: www.expres.mk.