АктуелноЛокално

Растот на цените на енергијата и другите варијабилни трошоци ќе влијаат врз идното производство на житните култури

  • Фејсбук статус на Никола Петров, координатор на Левица – Земјоделски сектор.

Последните неколку месеци земјоделците се шокирани од континуираното растење на цените на ѓубривата, и тоа ги предомислува за инвестирање во нови реколти.

Но, која е причината за растот на цените на ѓубривата?

За да се направи вештачко ѓубриво, заедно со суровините, производствените капацитети имаат потреба од големо количество енергија за да ги претворат суровините, хемиските материи во готова употребна состојба.

На пример, безводниот амонијак се произведува со процесот Хабер-Бош во кој азотот се комбинира со водород за да се синтетизира амонијакот, користејќи природен гас како извор на водородот, како и енергијата за синтеза.

Бидејќи природниот гас е примарен елемент за повеќето азотни ѓубрива, потребни се околу 33 милиони метрички британски термални единици (MMBtu) по материјален тон амонијак за да се изврши конверзијата. Ова претставува 70% до 90% од производните варијабилни трошоци во процесот на синтеза.

Цените на природниот гас драстично се зголемија во текот на изминатите неколку месеци, особено во Европа, каде што се зголемија за над 300% од март 2021 година. што исто така принуди многу фабрики за азот во ЕУ да се затворат. Плус, на постројките изградени за овој процес обично им требаат околу три до пет години за да се изградат и чинат околу 3 до 5 милијарди долари.

Долгорочното влијание е дека кога ќе се појави пораст на побарувачката, времето на одговор за исполнување на понудата преку дополнителен производствен капацитет ќе заостане околу три до пет години.

Зборувајќи за скокот на цената на природниот гас, за време на февруарското замрзнување низ Тексас, голем дел од производството на природен гас беше прекинато. Ова ги принуди американските фабрики за амонијак во Оклахома, Тексас и Луизијана, кои заедно сочинуваат околу 60% од производството, да се затворат во овој период и да го намалат производството за околу 250.000 тони. Тогаш ураганот Ајда ги погоди тие области и производството беше повторно прекинато.

Овие состојби на прекин на производство на вештачки ѓубрива поради временските услови, а најмногу поради високите цени на гасот и струјата, фабриките во САД не можат да одговорат на светската побарувачка.

Високите цени на гасот во Европа и енергетските кризи ги затворија производствените погони за вештачко ѓубриво, а и да почнат во овие услови цените ќе бидат екстремно високи.

Ова не доведува до заклучок дека во времето што доаѓа не само што цената на вештачките ѓубрива ќе расте, туку можно е и да исчезнат од нашиот пазар.

Се ближи времето кога земјоделците ќе треба да ги прихранат посевите со житни култури, дали ќе го направат тоа, со кое ѓубриво и по која цена, останува да видиме.