Цуцулоски: Бесмислени се преговорите со Бугарија, она што е бесмислено, треба да се прекине
- Фејсбук статус на Љубомир Цуцуловски, македонски филозоф, писател, есеист теоретичар и професор на Филозофскиот факултет при УКИМ.
ПРЕКИН. Било какви преговори со Бугарија, како услов за влез на Македонија во ЕУ се бесмислени, дури и во случај ако Бугарија даде црвсти и недвосмислени гаранции дека со ништо нема да го кочи/условува влезот во Унијата.
Бесмислени се, бидејќи тој воопшто не зависи од Бугарија, туку од подготвеноста на Унијата за нејзино проширување. Во тој поглед ЕУ е јасна – според Франција и Холандија (блиска до нив е и Германија) не е можно нејзино проширување, сѐ додека самата суштински не се реформира.
Затоа и бесмислени се преговорите со Бугарија на овој план. Она што е бесмислено, треба да се прекине. Така вели здравата, нормална логика. Она што е против логиката, само по себе е апсурдно, бесплодно и контрапродуктивно.