Стоименовска: Дефектолози и логопеди играат круцијална улога во развојот на децата од предучилишна возраст
Советничката во Општина Карпош, Ивана Стоименовска, која воедно е член на комсиијата за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), соопшти дека обезбедувањето на дефектолози и логопеди во детските градинки се еден од приоритетите за кои се залагаат со советниците од Левица.
Ние, советниците на Левица во Општина Карпош за наредната година ќе предложиме да се обезбедат средства за вработување на дефектолози и логопеди во детските градинки што всушност е и наш приоритет и е согласно програмата на Левица за Општина Карпош.“
Советничката воедно ја објави и анализата за тоа колкав број на деца во моментот имаат потреба од помошта на стручните лица.
Врз основа на направените анализи и добиените податоци во 4 градинки во Општина Карпош, има вкупно 10 деца со посебни потреби и тоа: Мајски Цвет – 3 деца и 1 дефектолог; Пролет – 2 деца и 1 логопед; Распеана Младост – 1 дете и 1 логопед; Орце Николов каде што има главна градинка и два клона има 4 деца и ниту еден од овие профили.“
Воедно Стоименовска потенцираше дека дел од родителите своите деца не ги запишуваат во образовните институции токму поради недостигот на стручни лица кои ќе работат со нив.
Сакам да потенцирам дека многу родители и не одлучуваат да ги запишат своите деца во градинка бидејки истите не располагаат со соодветен и доволен стручен кадар. Некои од родителите се одлучуваат да ангажираат приватно стручни лица, но не сите родители можат да си дозволат дополнителни трошоци. Сите деца заслужуваат да имаат соодветен третман и воспитно-згрижувачката дејност треба да го обезбеди тоа.“
На крај советничката истакна дека обезбедувањето на нормални услови за развој на овие деца ќе биде еден од нејзините приоритети и еден од приоритетите на Левица во Општина Карпош.
Инклузија на децата со посебни потреби мора да биде приоритет на Општината и Левица ќе се заложи да има по еден дефектолог и еден логопед во секоја од наведените градинки, а доколку се утврди потреба тоа да се реализира и во другите градинки.“