АктуелноИнтернационално

НР Кина ќе изгради 1000 училишта во Ирак

Премиерот на Ирак, Мустафа Ал Кадими во четвртокот присуствуваше на церемонијата за потпишување договори помеѓу ирачката и кинеската влада за изградба на 1.000 училишта низ Ирак.

Иракскиот весник „Iraqi News“ соопшти дека на свечениот настан присуствуваа Карар Мухамед, извршен директор на Високиот комитет за изградба на училишта во Ирак, Ли Дазе, потпретседател на „PowerChina“ и Koo Јун, регионален директор на „Sinotech“. Согласно договореното „PowerChina“ ќе изгради 679 додека „Sinotech“ 321 училиште.

Првиот дел од договорот беше постигнат во ноември минатата година меѓу Ирак и Кина, за изградба на 7.000 училишта, што е крајна цел на проектот. Според Меморандумот за разбирање, училиштата ќе бидат во современ стил, функционални, во согласност со реалните и практични потреби на ирачкото општество. Ова е отпочнување на првата фаза од неговата реализација.

Не беше наведена вредност за проектот за изградба на училиште, но во 2019 година, Кина се согласи да изгради широк спектар на градежни проекти.

Во статистиката на УНИЦЕФ е забележано дека околу 3,2 милиони ирачки деца се надвор од образовниот систем. Во некои провинции, како Салах ал-Дин северно од Багдад и Дијала на исток, 90% од децата не одат на училиште.

„PowerChina“ е во целосна државна сопственост со околу 780 компании. Таа е петта по големина градежна компанија во светот, според магазинот „Engineering News Record“, оваа компанија е најпозната по работата на браната Три клисури и брзата железничка линија Пекинг-Шангај.

„Sinotech е индустриски конгломерат со широк опсег на активности.