„Дипломатскиот бојкот на Игрите од страна на САД е празник за остатокот од светот“
Еден од најдобрите биатлонци на сите времиња, шесткратниот светски и четирикратен олимписки шампион, Александар Тихонов, ја поздрави веста дека САД ќе ги бојкотираат Олимписките игри во Пекинг, тврдејќи дека нивното отсуство ќе обезбеди мирни игри без скандали.
Администрацијата на Бајден во понеделникот соопшти дека ќе спроведе дипломатски бојкот на Олимписките игрите во НР Кина, кои ќе се одржат во февруари. „Злосторствата против човештвото“ и кршењето на човековите права насочени кон етничките и верските малцинства во кинеската провинција Ксинџијанг се клучни причини за ваквата одлука на САД. Иако е најавен дипломатскиот бојкот и амбасадорско отсуство, сепак нивните спортисти ќе се натпреваруваат.
„Дипломатскиот бојкот на Игрите од страна на Американците е празник за остатокот од светот. САД се најболното место на планетата, тие се канцер. Погледнете колку неволји и крв предизвикаа. Одлично е што нивните службеници нема да бидат на Олимпијадата. Се надевам, благодарение на ова, игрите ќе се одржат мирно и без скандали.“ – Изјави Тихонов.
Некои од државите партнери на САД, ја поддржа нивната идеја, Јапонија е една од тие земји – а Тихонов не е изненаден од најавата дека нивните дипломати размислуваат за бојкот.
„Таквата одлука секако дека е изненадувачка. Откако Американците ги бомбардираа Хирошима и Нагасаки [за време на Втората светска војна], тие успеаја да застанат на нивна страна. Јапонија е позната по своите талентирани луѓе, но во ова прашање, тие многу се изгубија. Реков дека САД се огромен рак. Сега можам да кажам дека земјите кои се приклучуваат на бојкотот се метастази на најстрашната болест.“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека планира да биде на свеченото отворање, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг. Руското МНР ја критикуваше одлуката уште пред да биде потврдена, а Рускиот олимписки комитет овој потег го нарече „контрапродуктивен“ и сугерираше дека Олимписката повелба не познава одредба за бојкот.