АктуелноЛокално

Усвоена иницијативата на Левица за „приоритети при асфалтирање на улици“ во Кочани

  • Соопштение на Левица – ЛО Кочани.

„Во текот на денешната седница на Советот на општина Кочани од страна на членот на советот од Левица, Жаклина Филипова- Свеќаровска, беше поднесена, а потоа и усвоена (едногласно) иницијатива за донесување правилник за утврдување на приоритет при асфалтирање на улици на територија на општина Кочани.

Граѓаните на општина Кочани имаат еднакво право, согласно со исполнетите обврски (уплатени средства за комунално уредување) да ги добијат услугите на општината под еднакви услови.

Со оглед на тоа што со години истото не се случува во пракса, па одредени улици се асфалтираат веднаш по пробивањето, а други не се асфалтирани со години, иако граѓаните кои живеат на тие улици уредно и на време ги имаат подмирено своите обврски, неопходно беше Советот на општина Кочани, во согласност со своите надлежности, да донесе Правилник за утврдување приоритет при асфалтирање на улици на територија на општина Кочани.

Донесувањето на ваков Правилник ќе придонесе сите граѓани на територија на општина Кочани еднакво и под исти услови да ги добиваат услугите кои општината со закон е обврзана да ги испорача до нив, без истите да бидат предмет на изборни кампањи, лични интереси и други злоупотреби на штета на квалитетот на домување на жителите на општина Кочани.“