Исмаил: Во Град Скопје ќе делуваме по приоритетите на нашата програма и политичка определба
По одржувањето на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, носителот на листата од редовите на Левица – Град Скопје, сега веќе советник, Реџеп Исмаил кратко се обрати за темата за која јавноста е најмногу интересирана.
„Ќе го подржиме мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ само за конститутивната седница. Во Град Скопје ќе делуваме по приоритетите на нашата програма и политичка определба“ – кратко изјави Реџеп Исмаил.
Иако во изминатиот периот во медиумите се создаде слика дека советниците на Левица во Советот на Град Скопје ќе го поддржуваат мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, после оваа изјава станува јасно дека Левица продолжува да функционира самостојно и во советите.