Ванковска: Реџепи „случајно“ е кадар на холандската амбасада, Руте „случајно“ ја посети Македонија

„Кастриот Реџепи е случајно кадар на холандската амбасада. Во Холандија 223 дена немаа влада, Руте едвај ја состави на 30 октомври и види чудо – првиот состанок што го закажал „случајно“ била Македонија … ама нема новинари во оваа корумпирана и криминална пустелија … Стојат до него и се прават наудрени додека тој кажува дека „случајно било затоа што пред месец дена била закажана посетата“ – кога тој не бил ни премиер, ама ете знаел дека има потреба да дојде во МКД и да каже дека е претпазлив оптимист за декемврискиот самит…

Ете, случајно победила евроатлантска Македонија, да го цитирам другиот кадар на истата амбасада, со сите методи и со онакви еврофили како Реџепи и компанија, тогаш таа Македонија дефинитивно не е држава и не заслужува да биде држава. И како таква, никогаш нема ни да влезе во ЕУ.“

  • Фејсбук статус на Проф. д–р Билјана Ванковска, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.