„Кој не гласа за рушење на ДУИ е со ДУИ. Точка!“
По најавената интерпелација во Собранието, политичките случувања овие денови дживуваат кулминација веројатно многу повисока од онаа во изборениот период. Коментирајќи ги последните политички случувања во земјава околу можноста за создавање ново мнозинство во Собранието, новинарот Емад Мехмети напиша: „Кој не гласа за рушење на ДУИ е со ДУИ. Точка!“
Новинарот на порталот Алмакос, во своето обраќање до читателите, преку метафора нафрли сомневање дека премислувањето по однос на гласањето доверба во Владата (кое ќе биде во четврток), од страна на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд, може да биде поврзано со поткуп (пари).
„Политичарите често ги мешаат принципите со зеленчукот (parimet me perime), како на купопродажен пазар. Значи, треба да знаете дека некои од нив, кога зборуваат за принципи во нивните очи свирка „зеленчукот“ евра – долари итн.“