Јанчев: Спремни се и државата да ја укинат
СДС на Нашата Земја спремни се и државата да ја укинат само да има милиметар поместување во македонската сага со ЕУ. А тоа го прават само и само за да имаат со нешто да се пофалат. За да има мегафоните нивни за што да се фатат, особено сега кога се лизгаат од владината фотелја. Затоа на Бујар Османи му даваат одврзани раце да прави што сака со Бугарија без разлика што проблемот со ЕУ не е само во Бугарија.
А Бујар Османи решен е од нас да направи Бугари на кои во 1944 комунистите им направиле лоботомија па сеа мислат дека се Македонци.
Позадината е следна, Албанците се Илири па Западна Македонија им припаѓа ним. Македонците се македонски Бугари па остатокот од Македонија и припаѓа на Бугарија.
А Македонци нема. И затоа нема потреба да се прашуваат и може слободно да ја делиме.
Последно кога вака отворено и на ниво на државни политики се буткаа вакви експерименти имаше не една, ами две балкански војни.
Шо мислите на кај оди сега?
Исто мислеа и тогаш дека слободно ќе ја делат и лесно ќе се договорат па не што не се заврши со балканските војни ами сагата продолжи и во двете светски војни.
Пак ќе прашам. Што мислите, на кај оди сега работава?
Бујар Османи одма треба да се тргне од позиција Министер за надворешни, а Заев сосе неговата влада мора час поскоро да паднат оти црно ни се пише.
- Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во општина Гевгелија.