Апасиев со поддршка за раперите од Пука Козметика

Дарко и Жарко Масларковски, се едни од најистакнатите активисти на Левица, кои во периодот на кампањата за локалните избори се справуваа со огромен политички притисок. Пред три години, на протестите против промената на уставното име, беа уапсени од страна на полицијата заради викање Македонија!

Во оваа борба „браќата“ постојано добиваат поддршка, како од граѓаните, така од симпатизерите и активистите на Левица.

Првичното обвиение против нив беше прекршочно, за после неколку одложени рочишта истото ова обвинение се преиначи во кривично, а со тоа државата ги става под закана за казна затвор. На крај рочиштето беше закажано на само ден по одржување на гласањето од првиот круг на локалните избори. Во понеделникот следеше уште едно одложување.

За овој случај Дарко и Жарко добиваат неизмерна поддршка и од претседателот на партијата Димитар Апасиев, кој се огласи на социјалните мрежи на денот на судењето.

Кога ги живееме последните денови на заевизмот, да не заборавиме на нашите ДРУГАРИ и соборци, кои хибридниот режим ги влече по судови, во монтирани кривични предмети. Денес беше одложено судењето на нашите кандидати за советници – браќата рапери ПУКА Козметика (Жарко и Дарко)! На следното рочиште, во ноември, ќе ви дојдеме пак пред Кривичниот суд, се до конечното ослободување на Македонија. Не ви се плашиме, сатрапи. ДОЛУ ЗАЕВИЗМОТ