АктуелноЛокално

Кираџиева: Притисоци се прават со цел да се заплаши народот

  • Фејсбук статус на Весна Кираџиева, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром

Даре, кој ни е носител на советничка листа за Аеродром и Жаре, на листа за Град Скопје, неодамна им стигна обвинителен предлог, па наместо за прекршок за извикување „Македонија“ на протест, тие се гонат кривично. На 18-ти (понеделник, ден по изборите) се на суд, јас ќе бидам таму за поддршка, без оглед на резултатите во недела. За оние кои не сте запознаени со деталите, еве линк до објавата на Жаре: https://www.facebook.com/zharkochi.maslarkovski/posts/578913833234740

Понатаму, Иван Јованоски, носителот на нашата советничка листа за Прилеп, кој на 11. октомври, нашиот македонски државен празник, на Могилата покажа, (заедно со неговата група) што значи народен отпор, денес беше повикан на распит по пријава во полициска станица.

Овие предизборни притисоци се прават со цел да се заплаши народот. Тоа можеби им поминувало кај сервилните квислинзи, но не и кај нас – ние стоиме до нашите луѓе, затоа што веруваме во нив. Токму поради ова, велиме „овие избори не се само за шахти и канализации, туку многу повеќе од тоа.“

Ние не сме тука за себични, лични интереси и профит – ние сме тука за поголема слика, за овој народ и за оваа држава и не си ги пуштаме другарите низводно како што тоа гледаме дека со леснотија го прават овие од власта.

Играјте паметно во недела, нема простор за калкулации, ќе пробуваат секакви валкани игри, а ништо чудно пак да им паѓа систем, да снемува струја за „фингер-принтери“… Затоа, масовна излезност другари!