(ВИДЕО) Левица – Прилеп ја одбрани честа на предците на окупираната „Могила на непобедените” од квислиншката власт
Активистите на Левица при чествувањето на 80 години од народното востание на меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“во Прилеп со герила акција го попречија движењето на државните делегации при положувањето цвеќе во меморијалниот комплекс.
Од стартот на полагањето на цвеќе на делегациите присутни на Могилата на непобедените во Прилеп активистите на Левица стоеја во центарот на комплексот, и беа заобиколувани од делегациите.
Носителот на советничката листа на Левица од Прилеп Иван Јованоски при положувањето на цвеќе со премиерот Зоран Заев разменија „дијалог“. Активистите на Левица реагираа и при интонирањето на државната химна бидејќи била најавена како химна на Република Северна Македонија. Според нив, химната е на Република Македонија.
„11-ти Октомври 1941 – денот кога ПРИЛЕПЧАНИ први ја кренаа својата лева тупаница против фашистичкиот окупатор – Бугарија.
Денес 11-ти Октомври 2021, членовите на Левица – Прилеп повторно застанаа во одбрана на честа на нашите предци кои го дале својот живот во Народно Ослободителната Борба за Македонија.
Им покажаја на неофашистичката влада на “нивната земја” дека немаат ни образ ни право да се појават на чествувањето на овај ден.” – се наведува во реакцијата на Локалниот огранок на Левица од Прилеп