АктуелноЛокално

Арсов: Бројот на вработени во јавните претпријатија е зголемен, квалитетот на нивните услуги се намалува

Професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Златко Арсов, кој е кандидат за градоначалник на Општина Велес, во интервју за Слободна ТВ зборуваше за јавните претпријатија и услугите кои тие им ги овозможуваат на велешани.

Според професорот, бројот на жители во Општина Велес изминатите години е приближно ист и нема тенденција на зголемување, но бројот на вработени во јавните претпријатија постојано расте.

Големи се вработувањата во ЈКП Дервен. Во моментот како комунално претпријатие имаат 320 вработени со план за уште дваесеттниа и повеќе вработувања. Јас не знам како може толкава вработеност да има. Сето тоа е на товарот на даночните обврзници на Велес и нормално на сметките за комунални услуги. Значи, Велес и сега и пред 15 години го има истиот број на население. Бројот на жители не е многу зголемен бидејки имаме иселување кон странство, а се зголемува бројот на вработени во јавното комунално претпријатие.“

Арсов тврди дека ваквото зголемување на бројот на вработените е вештачко, тоа го зголемува теретот на буџетот на претпријатијата а со тоа и на граѓаните и истото не влијае позитивно врз подобрувањето на јавните услуги.

Со тоа што се зголеми бројот на вработени не се подобри услугата према граѓаните. Напротив цената на водата се покачи, другите комунални услуги се покачија, и сега ние плаќаме многу повеќе. Значи едно домаќинство не може да плати помалку од 1000 денари сметки за комунални услуги. Вештачки се вработуваат луѓе, со тоа се оптеретува буџетот на претпријатието а индиректно сите граѓани.“