АктуелноЛокалноНастани

Дружба со кандидатот за градоначалник Дарко Ристовски и кандидатите за советници на Општина Карпош

Локалниот огранок на Левица во Општина Карпош организира дружба со кандидатот за градоначалник, кандидатите за советници како и членовите од президиумот на партијата.

Во својот повик тие ги повикаа карпошани и скопјани.

„Ве повикуваме на заедничка дружба во вторник (5 октомври) на плоштадот Делфина во Влае со почеток од 18 часот.
Преку дружењето да разговараме за нашиот заеднички Карпош, за заедничка визија за модерна, урбана и зелена Општина. Кои проблеми заедно нè засегаат и како ќе ги решиме – да воскресне нашата општина ослободена од политичките профитери и урбаната мафија.
На средбата, ќе зборуваат за нашата програма за Град Скопје:

  • Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев
  • Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа
  • Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Дарко Ристовски
  • Носителот на советничката листа во Општина Карпош, Мартин Димоски“

.