Домородните племиња во Бразил протестираат за „Правата на земјиштето“
Домородните племиња во Бразил протестираат низ целата земја пред да биде донесена пресудата за „Правата на земјиштето“, предмет кој моментално се разгледува и потенцијално ќе се спроведе од Врховниот суд на Бразил.
Во Бразил, околу 6.000 домородци од 173 етнички заедници се собраа да изразат незадоволство и да извршат притисок врз Врховниот суд, бидејќи најавената реформа ќе ги лиши од правата на целата земја што физички не ја користеа на 5 октомври 1988 година, кога Бразил го усвои Уставот кој официјално ја врати демократијата во оваа земја.
Оваа реформа, која е потребна за зајкнување на неолибералната политика во земјата, претставува закана за стотици домородни територии, стотици илјади луѓе и десетици недопрени племиња.
„Земјата е света, таа е нашата историја, нашиот живот. Имаме право да одгледуваме култури, да го продаваме нашиот добиток и нашата риба, за да живееме одржливо. Ние исто така се прилагодуваме на новото време, постигнувајќи рамнотежа помеѓу нашите потреби и развој како човечки суштества, но без да ја загубиме нашата култура “, вели демонстрантот Пи Суруи, од село во амазонската држава Рондонија.
„Критериумите не се функционални за да се утврди дали традиционално се користи територија или не, бидејќи постојат различни контексти, различни групи кои од многу причини не беа на нивна територија во 1988 година“, рече Самара Патако, адвокат на Здружението на Бразилски Домородци.
Доколку бидат одобрени од суд, последиците од реформата би можеле да ги избришат овие племиња, вклучувајќи ги и Ококленг, Кавахива, Гуарани и други.